Утре во селото Кадрифаково, Свети Николе ќе се одржи хуманитарен концерт, од кој средствата се наменети за доизградба на црквата. Утре е христијанскиот празник Крстовден и затоа на овој ден се организира манифестацијата, бидејќи црквата го носи тоа име.
На концертот ќе учествуваат многу познати имиња од макеонската естрада како Благица Павловска, Ани Малинкова, Јордан Митев, Перо Христов и групите „Соната“ и „Овчеполски свадбари“.
Концертот се организира 12. Година по ред. Почетокот е закажан во 12 напладне а ќе трае до 19 часот.