Турската актерка Мерием Узерли, кај нас позната по улогата на Хурем по годишниот одмор реши да се смени. Од црвенокоса и русокоса таа стана бринета. Таа веднаш се пофали со фотографии на својот Инстаграм профил, но и објасни дека причината за оваа драстична промена е снимање на новиот филм.
Но, ова не е прв пат Хурем да биде бринета иако стана популарна како црвенокоса. Таа објави фотографија од 2006 година, кога била дури и црнка.
Популарната турска актерка годинава на годишен одмор беше во Хрватска, заедно до дечко и Тамер Тирасоглу.