Владимир Четкар сними спот за неговата нова песна насловена „Come With Me“ (Дојди со мене). Видео записот е дело на Борче Димовски и е сниман на повеќе локации во Охрид а во него ќе можат да се видат некој од најволшебните места на Охридското езеро.
Песната е снимана во Њујорк во студиото „The Bunker Studioи“ и е комплетно дело на Четкар, се појавува како продуцент, композитор, текстописец, аранжер, диригент, гитарист и вокал. Песната е снимана целосно со жива инструментација додека стилски содржи елементи на соул, џез, фанк, диско и поп. Интересно е тоа што песната, која е објавена само пред неколку дена веќе интензивно се врти во повеќе радија во Унгарија меѓу кој и на најпопуларното Унгарско радиo за џез и соул музика Jazzy 90.9 FM кои песната ја најавуват како голем хит. Наскоро песната ќе ја има својата радиска промоција и во Аргентина, Бразил, Англија, САД, Јапонија, Тајланд, Италија, Мексико и други земји кои досега активно ја подржувале авторската музика на Четкар.