Во пресрет на големиот концертен спектакл и гостувањето на една од најактуелните светски ѕвезди, Шон Пол (1973), закажан за четврток, (23 август) на Стадионот АРМ во Скопје, владее огромен интерес.
Инаку, Шон Пол доаѓа директно од Кардиф, Велика Британија, а негова следна дестинација по гостувањето во Скопје ќе биде Унгарија од каде оди на азиската турнеја. Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со комплетна екипа составена од врвни танчарки и музичари, а на Стадионот АРМ, ќе ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои песните што настанаа од соработките со Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета…Сите што ќе дојдат на концертот, подготвени се за луда забава.
Автор
Сите Објави