Баба Рада : Доаѓа пролет, треба да го исчистиме организмот

Рада Бошковска, билкарката баба Рада, иако одалечена од телевизиски ангажман и понатаму е сосема блиску до билките, растенијата, чаевите…
– Билките се мојата љубов, преокупација и инспирација а нашата земја изобилува со нив. Секогаш ги собирам со молитва, бидејќи и билките си имаат свој карактер . Кај едните е лековит коренот, кај другите цветот а кај третите – целата билка. Во собирањето постојат правила како и за се во животот . Најголемиот дел од билките се собираат на сончево време и тоа напладне. Можеме да ги издвоиме ружите кои ја сакаат утринската роса и затоа тогаш се собираат. Инаку, билките и сите нивни производи најдобро е да се земаат превентивно или како помошно средство и тоа во процесот на заздравување и јакнење на имунитетот.“
Во продолжение на текстот во ги пренесуваме рецептите на баба Рада за пролетно чистење на организмот, за поголем имунитет, сила и енергија.
Во раната пролет, важно е често конзумирање на зелен лиснаст зеленчук, со што се зајакнува имунолошкиот систем.
Лук
Во народната медицина лукот се користи речиси за сите здравствени проблеми. Ова чудо на природата има толку многу корисни состојки што ги нема во ниту едно друго растение. Лукот е одличен за зајакнување на имунитетот, намалување на лошиот холестерол, ја подобрува работата на желудникот, има антивирусно, антигабично и антибактериско дејство, но и добра превентива за кардиоваскуларните заболувања, ја потикнува работата на црниот дроб и бубрезите.
„Оние што не ја сакаат миризбата на лукот, нека земаат каранфилче, листови од нане, зелен чај, лимон, магдонос, босилек, јаболко, суви сливи“- вели баба Рада.
Кромид
Без кромид готвењето е речиси невозможно, но освен што им дава неверојатен вкус на јадењата, има и многу лековити својства- им се препорачува на дијабетичарите, како помошно средство при лекување на некои видови анемија , го зголемува протокот на крв низ крвните садови, го регулира нивото на холестеролот, има позитивно дејство врз дишните патишта , бидејќи лесно ги отвара алвеолите.
Маслинки
Со редовно јадење на маслинки успешно се намалува нивото на холестерол и трилецириди во крвта, висок крвен притисок, што значи дека се одлично средство против кардиоваскуларни и мозочни заболувања. Се користат и за подобрување на дигестивниот тракт, против апстипација, чир на желудник и гастритис.
Глуварче
Расте низ целата земја, го има по ливади, пасишта, паркови, дворови. Се користи за чистење на крвта токму во пролетта.
Од глуварче се користи цело растение-на луѓе со кревко здравје им се препорачува салата од млади листови и од корен, таа е добра и за чистење од наталожени отрови. Глуварчето има карактеристики на диуретик, широк е спектарот на неговите лековити дејства.
За ова растение е многу е важно да се знае кога треба да се собира: листовите се берат пред цутење, (глуварчето цвета од март до мај), коренот се вади напролет и наесен, а стеблото во периодот на цветање.
Кога сте во природа, слободно изџвакајте едно стебленце од глуварче и со тоа сте направиле навистина добро за своето здравје. Патем, за намалување на нивото на шеќер во крвта добро е секојдневно да се јадат по 10 стабленца од глуварче, во текот на денот.
Навистина голема е корист од ова нежно растение- тоа го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите. Ако немате апетит јадете глуварче – горчливите материи од билката го подобруваат апетитот и варењето на храната. Истовремено, тоа го стимулира и излачувањето на жолчката. Коренот и листот од глуварче се користат во лекувањето на болестите на црниот дроб и жолчното ќесе, за камен во жолчното ќесе, и природен лек за воспаление на дебелото црево, запек, жолтица, потоа, се препорачува за дијабетес и алергии.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени