Григор Копров на Словенечкиот избор за песна на Евровизија

На 22 февруари Словенија ќе го има својот Евровизиски претставник, а нашиот Григор Копров има песна за овој музичкиот натпревар, што ќе се случува во Љубљана. Станува збор за композицијата „Maybe Someday“ што ќе ја изведе Божидар Волфанд- Волф.
„Стилски, песната е во поп манирот, ритмична балада со призвук на келтски елементи во мелодијата на рефренот, за што е заслужен Владимир Дојчиновски. Тој мајсторски го направи аранжманот- ни информираше Копров.
Текстот е на англиски јазик а него го напиша Волф.
Неофицијано, „Maybe Someday“ е еден од фаворитите на музичкиот избор во Словенија, и доколку се остварат предвидувањата, Копров во месец мај, со својот тим ќе присуствува на 65-то издание на Евросонг, во Ротердам, Холандија.
Стискаме палци и им посакуваме успех во Словенија.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени