Актерката Елизабет Харли (54) ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед. Таа вели дека лицето, со хидратантна крема го мачка по шест пати а вратот и по десет пати дневно. Актерката е свесна дека нејзиното свежо лице е она што го посакуваат сите средновечни жени. Вели дека е ова нејзин ритуал и дека тоа постојано го прави.
-Ова почнав да го правам кога научив дека кремата може да се нанесе и кога потполно ќе се нашминкам, изјави таа за Daily Mail.
Лиз стана позната уште во 90-тите како девојка на актерот Хју Грант, а таа врска и помогна и за поголема ангажираност во филмскиот свет.