Жана Пантелиќ, најпознатата јутјуберка од соседството : Уривање на табуа наметнати од општеството

Фото- Звонимир Плескоњиќ, стајлинг, коса и шминка – Зоран Ќумура

 

Нејзиниот јутјуб канал „Инспирација дана…“ е апсолутен хит во Србија. Жана Пантелиќ е искрена, интересна и „на гледање“ а кога ќе ја чуеш, и стануваш- верен „гледач и следач“. До пред три години оваа шармантна жена работеше како преведувач, но потоа сосема му се предаде на новото време : отвари јутјуб канал, сврте нова страница во животот, и го потврди постоењето затоа што – среќата ги прати храбрите…

Твојата животна приказна (веднаш сме на „пер ту“) е асолутно филмска, да не речам- романтична. Од еден мирен, можеби интровертен свет, преминуваш во другата реалност, светот на- јутјубери, отвореноста на новото време. И, како е во центарот на интернетот? И, колку храброст, лудост, смелост или љубопитност, во најубавата смисла, беше потребно за ваков чекор?
– Можам да речам дека е возбудливо, брзо, многу интересно, одвреме- навреме стресно и напорно, ама вредно на секој момент. За три години, колку што го имам својот јутјуб канал, научив повеќе, отколку за целиот живот. Непроценливо искуство! Ми беа потребни и многу лудост и храброст ама и желба за промена, а креативноста беше посилна од се. Типичен Стрелец сум, со многу љубопитен дух, секогаш жеден за авантура, така што не ми беше тешко. Напротив. Секако, не беше едноставно да се одлучиш на потполна промена во својот живот, но јас некако се држам до девизата дека- среќата ги прати храбрите.

Колку младите луѓе, бидејќи интернетот е дефинитивно белег на ова време, те поддржуваат во ова штого работиш? Потоа, како и се спротивставуваш на гравитацијата и, затреперува ли срцето, зошто не има секакви во перцепцијата?
– Искрено, на моето големо изнанадување, младите се тие кои најмногу ме следат и поддржуваат. Не сме свесни колку фантастични млади луѓе се желни за знаење и содржини кои диаметрално се разликуваат од разновидни риалити програми. Прекрасно е кога ми пишуваат и се заблагодаруваат на можноста да видат нешто, од што можат да учат. Тоа ми дава ветер во грб.
Од гравитацијата се бранам со постојана работа на себе си, во секој поглед. Естета сум и навистина водам сметка да изгледам убаво и негувано, и поради себе си и поради оние то можеби во мене гледаат некаков узор, идол. И мене идолите ми беа жени кои ги мрднуваа границите и кои не дозволуваа времето да ги прегази. На Мадона сите треба да и бидеме благодарни што воведе нови стандарди и толку многу прави за перцепција на жената… За тоа станувате свесни кога ќе дојдете во зрели години.
Што се однесува до срцето, нема тенденција да затрепери затоа што му е одлично во неговата кожа…Патем, секоја работа подразбира стрес, па и да имаш свој канал. Некогаш се случуваат работи кои се тешки и да се прераскажат, и кои луѓето и не би ги разбрале. Со време научив на тоа да реагирам со ладна глава и проблемот да го решавам колку што можам потрезвено. Најтешко е да се соочиш со фактот дека секогаш ќе постојат луѓе кои имаат потреба да ве навредат, грдо искритикуваат, без било какво покритие… Северина има фантастична реченица „Народу се не може напеќи колача“. Кога ќе ми текне на тоа, полесно ми е… Се разбира и „блок“ е некогаш вистински мелем.

Фото- Борис Несторовиќ

 

„Инсирација на денот, инспирација на ноќта“ е вашиот канал каде ги гледаме нетипичните ѕвезди, автентичи, вредни во својата работа, ликови вредни на јавно спомнување. Освен една риалити ѕвезда, ама со опсервација на феномен, најчесто ги промовираш имињата кои ја оплеменуваат реалноста. Планираш ли исто темпо и во 2019?
– Пред се, ви благодарам на убавите зборови. Базичната идеја на „Инспирација…“ беше автентичност, уривање на табуа кои општествето постојано ни ги наметнува, и менување на погледот на гледачите… Заедно растеме и заедно учиме, што е најубаво од се. На планетата сме за да научиме и осознаеме што повеќе. Во спротивно, животот нема смисол…. Во 2019 планирам исто а можеби и посилно темпо. Имам многу во глава, приказната расте се повеќе секој ден, така што со голема радост и возбуда влегувам во оваа година. Имам намера да угостам стручњаци кои ќе обработуваат теми кои не мачат и закочуваат, како што се фобии на пример… Целта е ослободување на индивидуа и остварување на најзиниот полн потенцијал, во се што прави. Луѓето ми бараат и лични искуства, поврзани со најразлични теми, така што ќе има и многу соло- видеа.

Твојот директен пристап, вистинитоста и искреноста привлекоа огромна гледаност, со што излезе од светот на „анонимноста“. Колку препознатливоста ти го смени животот?
– Најмногу од се луѓето сакаат искреност. Секогаш се обидувам да им го овозможам тоа, затоа што залажување не води кон ништо. Засега искуствата ми се убави. Прекрасно е кога некој ќе ви пријде и ќе ви каже дека сте му го смениле животот, дека сте го инспирирале со храброст за да го смени… Тоа ми е најголемата награда и тоа ме прави безгранично среќна.

Фото- Александар Црногорац

 

Боуви или Џегер?
– Имате ли некое полесно прашање? И двајцата се џинови, легенди, божанствени појави па е навистина тешко да се определиш. Ама, бидејќи морам, Боуви е мојот херој. Поради неговите раритетни фотографии, што ги купив на едно патување во Франција, останав без скршена пара. Родителите мораа да смислуваат разни начини да ми пратат пари. Имав 17 години и бев вистинска залудена клинка. Боуви беше магичен, неговиот концерт никогаш нема да го заборавам… Се надевам дека Џегер уште долго ќе остане во оваа димензија. И тој е исто така незаманлив.

Дали е точна констатација дека она што ќе го наследиш од дома, ќе те прати цел живот? Колку за гледачите е привлечен твојот манир- не си непристојна, „бахата“, промовираш емпатија, искреност, некако го „отвараш умот“?
– Еднаш некој ме праша на што секогаш ќе бидам благодарна а мојот одговор секогаш останува ист- растење во среќна функционална фамилија. Темелите од она што го стекнуваме дома се основа за се што понатаму градиме. Ви се всадуваат вредности кои треба да се почитуваат и да се поддржуваат. Со ова не сакам да ги обесхрабрам оние кои за жал ја немале таа привилегија. Запознав генијални, успешни луѓе чива база не беше топла и заштитничка. Но, сепак се остварија во она што го прават и создадоа убави семејства. Се надевам дека моите гледачи сето тоа го имаат во предвид.

За крај морам да те прашам, колку финансиски е исплатливо и може ли да се живее од и со овој начин на работа?
– Финансиска исплатливост е скоро никаква. Ама мојот канал не е типичен, јас имам снимател, монтажер, шминкер, асистент. Вложувам со години зетоа што верувам во оваа приказна и го обожавам тоа што го работам. Верувам дека во иднина и тоа ќе се смени и дека ќе можам да живеам солидно. Ама сепак, некои работи не се прават само поради пари…

Вања Тодоровска

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени