Иншала Дарио, сé вакви песни да правиш

Првите коментари за новата песна на Дарио „Иншала“ (Inshallah), се куси – ежење.
Тоа е Дарио, си молчи, си работи а кога ќе сработи, тоа е нешто поинакво, прави неред, буричка емоции, скриени фајлови, заборавени чувства. И, се појави Inshallah, и нема двоумење, тоа е тоа, ќе уживаме во песната затоа што вели „Таму кај сонот извира стварноста таму заоѓа а негде помеѓу си ти, на својот ќилим летечки…Којзнае колку години сонувам исти зборови, иншала боже дај ти и јас некаде и некогаш, иншала боже дај еден ден, заедно засекогаш…“, затоа што музиката ветува и разгалува…
Музиката и текстот се на Дарио, аранжман го направи Кристијан Габроски а lyrics video animation е на Бруно Панковски.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени