Машката менопауза е поопасна од женската
Нема сомнение дека кризата на средни години целосно ги менува мажите. Додека едните се лепат за туѓи жени и нови искушенија, други јадат со часови пред телевизор. Според новото истражување, претставниците на посилниот пол кога ќе станат свесни за овој период од животот стануваат вегетаријанци. Кога мажите ќе станат вегетаријанци тоа е знак дека ги фатила криза на средните години . Ова го пишува весникот „Метро“, цитирајќи ја студијата на приватната клиника „Бупо“.
Студијата опфатила речиси 3.000 Британци- вкупно 47 отсто од нив изјавиле дека се повеќе се загрижени за своето здравје и се чувствуваат постари отколку што всушност се. Ова е една од главните причини да станат вегетаријанци, да спортуваат и воопшто да ја подобрат активноста, со желба повторно да бидат во форма. Според податоците на научниците, мажите помеѓу 40 и 50 години во Велика Британија најчесто решаваат да се откажат од месото. 53% од жителите посочиле дека во овој временски период или го намалиле алкохолот или целосно се откажале од чашката. 6% од испитаните средовечни мажи истакнале дека сакаат да си го “голтнат стомакот” и да влезат во форма, за да си најдат млада љубовница.
Од друга страна, пак, 68% од анкетираните жени покажуваат дека почнале здрава диета. Но, стравот од средните години кај жените доаѓаат многу порано од мажите. Освен топлите бранови и раздразливост, жените имаат неодолива желба за поубава фигура. Според статистичките податоци, повеќето жени во Велика Британија решаваат да одат на фитнес или да се консултираат со нутриционистите за да изгледаат подобро.
Фото: m.stranica.ba