Почина режисерот Љубиша Георгиевски

„Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови. На 81 годишна возраст почина големиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски! Утринава почина мојот театарски татко- “ утрово на ФБ профилот веста за смртта на големиот режисер ја објави актерот Роберт Вељановски.
Љубиша Георгиевски е роден во Битола 1937 година, беше голем во својот професионален опус како тарскиот и филмски режисер, а славата ја стекна и како драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра. Беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и Претседател на Собранието на Република Македонија од 2006 до 2008 година.
Фото: vreme.com

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени