Почна Кинеска година на Свиња: Бидете умерени, ќе имате и пари и среќа

Убава вест: како симбол, свиња се поврзува со напредок, среќа и добри можности за шанси и успех. Кинеска Нова година во овој знак почна на 5 февруари и ќе трае се до 24 јануари, 2020 година.
Свиња е 12-ти, последен знак на Кинескиот зодијак а за време на нејзиното владеење имате можности за добри и умни вложувања, генерално одобрување за финасии и успех на професионален план. Затоа треба да се завршат сите стари обврски и да се направат нови планови за иднината а годината е полна со среќа, љубов и оптимизам.
Исто така година на Свиња е идеална да се стави точка на сите врски, сеедно какви, пријателски или љубовни, сите што ве полнеа со негативна енергија и ви ја трошеа целата сила. Обидете се да излезете од осаменост и општествена изолираност и опкружете се со луѓе кои ги сакате, кои ви се верни и кои се радуваат на вашите успеси. Бидете активни што повеќе, за да ги искористите сите можности што годината ги носи со себе, со избалансирана енергија и севкупната состојба на вашиот живот.
Годината на Свиња ќе биде погодна особено за луѓето родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995 и 2007 година.

Извор – Moj enterijer
Фото -parentmap.com

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени