Рецепт во слики: Смилевски комат

Направете го надалеку прочуениот смилевски комат, сега со помош на фотографии кои ќе ви ја објаснат постапката во 5 чекори.

1. Првин замесувате тесто- потребно е околу 500 гр брашно, топла вода, квасец, малку шеќер, малку сол, една лажица оцет и малку масло. Ги мешате сите состојки, тестото убаво се замесува и се меси се додека не почне да се двои од рацете.


2. Следниот чекор е да го поделите тестото на два дела, за долна и горна кора.Ја расукувате кората убаво, полека, во круг и доколку тестото е меко, процесот е многу едноставен.

3. На вака расукана кора се мачка растопен маргарин и масло. Откако убаво ќе го намачкате тестото, го сечете како сонце со зраци, на неколку места а потоа го поклопувате едно на друго. Сега тестото треба да одмори.


4. Следниот чекор е расукување на кората, тестото треба да излегува над тепсијата, за да можете да направите витка. Ставате фил, по желба. Овој на фотографија е со зеље, урда и неколку јајца. Филот претходно е убаво изгмечен.

5. Сега е на ред финалето: ја ставате втората кора, значи, го „затварате“ коматот а над неа правите витка, од првата кора. Коматот е готов за печење: се попрскува со масло и маргарин, и се остава десетина минути да одмори.


Се пече околу 40-тина минути на 180 степени. Ако сакате крцкаво тесто, не го покривајте коматот со крпа. Добар апетит!

Текст и фото: Вања Тодоровска

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!