Кога поубаво ќе размислите, убавината не е случајна, секоја жена има тајна

Феј Данавеј
Таа многу внимава на своето лице. Најважно од се и е, да не прави гримаси.

Ширли Меклејн
За разлика од својата колешка, Ширли ја нарекуваат – жена со лице од гума. Гримасите и се најдобар начин за размрдување на мускулите на лицето. „Семафорите беа моето место за работа“, вели актерката. „Додека чекав да се запали зелено светло, ја местев устата во положба А, О, У, а возилата околу мене постојано свиреа.“

Кејт Винслет
Оваа Британка најмногу од се` внимава на брчките околу очите и како што многу жени постојано ставаат сјај на уста, таа не се дели од антирид. Каде и да е, не поминува ни час, а таа да не си стави крем под очи.

Џенифер Анистон
Таа „манипулира“ преку косата. Постојано се шатира со што добива понежен израз. И не е важно какви се прамените, туку само за да се осветли лицето.

Гвен Стефани
Нејзината тајна е во карминот – прво се мачка со мат-варијанта, а потоа со интензивни нијанси. Иако, ќе признаете, највпечатлива е со црвена боја.

Деми Мур
Како да е струмичанка каде што најдобро виреат пиперките, Деми Мур постојано консумира пиперки. Всушност, се подмладува од нивниот сок – секое утро по половина литар.

Сара Џесика Паркер
Иако обликот на нозете не е најправилен, Сара постојано зазема поза за да ги скрие маните. Освен тоа, тие се потемнети и измазнети – ги мачка со мат- нијанси на млеко за тело, а врз тоа додава млеко од бадем.

Гвинет Палтроу
Таа не ги пие капсулите со омега 3, туку ги мачка на лицето. Одвреме-навреме користи и рибино масло од конзерва.

Фото- celebmafia.com

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени