Слабо спиете? Пет совети за разладување во топлите летни ноќи

1.Памучна постелнина
Заборавете на сатен, свила, полиестер и постелнина од други топли материјали. Најдобар е памукот, кој е мек и лесен и преку кој вашата кожа може да дише.
2.Спијте како Египќанин
Таканаречениот „египетски метод“ подразбира потопување на чаршафот или фротирката во ладна вода. Потоа влажната фротирка ставете ја преку сува прекривка за да не го натопите душекот.
3.Пијте многу течности
Напијте се барем две чаши ладна вода пред спиење. Потењето во текот на ноќта може да ве предизвика дехидрација на телото, па обезбедете се така што ќе внесете малку повеќе течности отколку што ви е потребно.
4.Разладете ги стапалата
Нозете се многу чувствителни на температура. Освежете го целото тело со потопување на стапалата во ладна вода пред да си легнете.
5. Гаснете ги светилките и електричните апарати
Исклучете ги сите електрични апарати и светилки во домот зашто тие само придонесуваат за повисока температурата. Секој степен е многу важен.

Фото-Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!