„Слатка мистерија 2019“ во Општината Чаир

Популарната манифестација на хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА, тортијада „СЛАТКА МИСТЕРИЈА 2019“, чиј домаќин беше Општината Чаир и овој пат привлече големо внимание и имаше интересни експонати. Целта на оваа манифестација, по одбирањето на тортите е истите се ставаат на аукција а сретствата потоа се доделуваат во хуманитарни цели.
Инаку, да се одбере најдобра торта навистина не е лесно а Гастромак ја имаше токму таа задача, бидејќи поголемиот дел од судиите беа токму од Гастромак – Бесим Љатифи, Лирим Даути и Благоја Велковски. Во жирито беа и проф. Лимонка Армоновска и новинарката Вања Тодоровска.
„Слатка мистерија 2019“ собра 52.800,00 денари.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени