Тања Турунџиева: Праска за здравје и убавина

Кога би постоел избор на мис на овошје, праската би заземала прво место .Таа не само што е убава, туку е и на допир мека и брашнеста – како да не мами да ја изедеме. Неверојатно е колку витамини и биолошки активни материи праската крие во себе.
По потекло е од Кина, ама денеска е најраспостранета на средоземјето. Успева да вирее во сите топли региони.

Постојат неколку врсти на праски: жолто зелени, жолти или ватрено црвени и некои се брашнасто влакнести. Глатките праски се викаат нектарини ( коската лесно се одвојува од месото ) или бруњоли ( коската тешко се одвојува од месото ). Жолта, портокалова, црвена боја укажуваат на бројни каротени ( билни пигменти ) во лушпата и во месото на плодот. Каротените на праската се потребни за одбрана од инсекти, бактерии, габи и останати природни непријатели.

Ситните влакненца уште повеќе го отежнуваат животот на инсектите. Ксантофили, (жолтиот пигмент ) штитат од влијанието на прејаката сончева светлина. Без заштитните бои,  под влијание на сонцето би се создавале слободни радикали, коишто ја уништуваат клетката. Кога каротените, ксантофилите и останатите заштитни состојки би се вклучиле во човечкиот организам и понатака би ги обавувале своите вообичаени задачи. Затоа праската е толку вредна.

Таа е типично антистресно овошје, бидејќи ги јакне клетките коишто не прават да се чувствуваме поспособни, посвежи и витални. Високиот удел на нијацинот ( витамин Б3 ) во комбинација со магнезиум, селен и цинк го подобрува вашето расположение и ве ослободува од внатрешни немири и нервози.

Фото: posaljirecept.rs

Лековитоста на праската е голема. Го јакнее имунитетот, не штити од слободните радикали, го јакнее врзивното ткиво, го јакне нашето срце и крвоток, не чини отпорни на стрес, ни потпомага против нервниот немир, раздразливост, чувство на страв, го убрзува преминот на храната низ цревата, ја средува опстипацијата, ја намалува количината на вода во ткивото и организмот и помага при намалување на телесната тежина.

При конзумирање, праската треба да се измие добро со топла, па потоа со ладна вода.
Во природата важи правилото:

Што е плодот поубав и пошарен, напрегнат и полн, тоа е помлад. Сето младо овошје и овошје кое дозрева содржи делотворни состојки кои подмладуваат, како каротенот, нуклеинска киселина и витамин Ц. Никогаш нема да ги преминете границите на прејадување, ако сте љубител на праска. И, да ја прејадете, нема да ви штети. Направете сопствен третман за подмладување и разубавување со помош на сочните праски. Можете да ги јадете свежи или во комбинација со бројни десертни комбинации со други овошја.

Важно е како предупредување!!!
Коската на праската содржи цијановодородна киселина, односно состојќи од кои во организмот настануваат цијановодородна киселина.
Обавезно, треба да ги отрстраните коските од праската, кои знаат да бидат можеби по некој пат распукнати, особено ако се праските наменети за мали деца.

Често го препорачувам и сокот од праска, коишто е идеална замена за шеќерот. Во летниот период можете да направите и сладолед од праска, ако ја изблендирате и ја замрзнете. Препорачлив сладолед  за децата. Вкусен, сладок, а не штети.

 

 

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена