Бакнежот на смртта ја уништува врската
Кога се враќате дома имате најдобра намера партнерот да го прашате – како си, како ти помина денот, и секако внимателно да го слушате што ви раскажува. Но, во моментот кога ќе ја отворите вратата, вие почнувате кавга, дека за ручек купил што не треба. Не грижете се, бидејки вакви расправии се нормални меѓу партнерите, вели Џон Готман, психолог од Универзитетот во Вашингтон и основач на институтот Готман.
Но, страшно е и треба да се внимава кога пред партнерот ќе изразите незадоволство од тоа што се збунил што требал да купи. Го слушате ли кога ви објаснува? Мислите ли дека можеби е во право и размислувате ли да се извините дека сте реагирале пребрзо? Или си држите до ставот и си велите- каков идиот/идиотка, да не знае, на пример – дека светлите пиперки се за пржење а темните за печење….
Ако се најдете во втората ситуација, тоа значи дека кон партнерот се однесувате со презир а тоа ја доведува врската во опасност. Презирот, зла намера, гневот и одвратноста е многу поотровно за врската отколку само негативноста и незадоволството. Тоа значи дека партнерот го гледате како на нешто подолу од вас.
Презирот е бакнеж на смртта во една врска, вели Готман.
Партнерите кои вака се однесуваат, се разведуваат. Причина за тоа е комплексот на супериорност. Да се чувствувате попаметни или подобри од личноста до вас, значи дека не само што нема да го земете в предвид неговото мислење туку и дека нема ни да се ставите во неговата положба, за да видите како тоа изгледа. Ако ваквото однесување го замените за позитивно, тоа многу ќе ви влијае на врската, односно ќе ги зголеми шансите да останете заедно подолго време.
Извор: Бизнис инсајдер
Фото- Pexels