Ѕидови во боја: Сина за медитација и опуштање а златна и сребрена за пари

 

Просторијата обоена во розово изгледа романтично а учинокот од оваа боја е супер!Имајте едно розово катче бидејќи се смета дека помага во зацврстување на врската помеѓу партнерите.

Боите имаат огромно значење врз психата- често делуваат стимулативно, поттикнувачки и затоа ѕидовите во боја, според Фенг Шуи, можат да направат многу за вас.Така на пример црната и индиго плава боја значат итнуиција, мистификација, дисциплина и разбирање и се прототип за правичност и сериозност. Во комбинација со другите бои, тие ја неутрализираат негативната „чи“ енергија. Ако сакате кариерата, имајте ги во близина бидејќи преставуваат бои на промените.

Сината боја е погодна за медитација и генерално има смирувачки ефект. Доколку не се одлучите оваа боја да преовлада во вашата спална соба, тогаш наменете некој друг дел од вашиот животен простор во кој ќе ја има, затоа што многу подобро ќе размилсувате и донесувате одлуки.

Но, не заборавајте на зелена бидејќи означува рамнотежа, љубов и самоконтрола. Ова е боја на долгиот живот и на виталност.

Црвената боја е за најсмелите- означува живост, храброст и добра проценка на нештата, таа е симбол на вештината, вистината и силата на добра проценка на нештата. Црвената е бојата на животот и среќата, добрината, благосостојбата, големината и вербата. Употребете црвено на местата кои сакате да ги истакнете и кои преставуваат важен сегмент во вашиот секојдневен живот.

Оние што  имаат виолетови ѕидови ќе бидат инспирирани за изобилие. Виолетовата боја означува убавина, креативност и инспирација

Таа ги содржи елементите на црвена боја и во комбинација со неа или со златната, преставува симбол на изобилие. Сосема обична просторија, доколку има виолетови тонови, ќе делува полуксузно и ќе добие кралевски сјај и раскош кој отстапува од секојневието.

Во портокалови ѕидови треба да живеат луѓе склони на депресија. Портокаловата боја означува енергија, ентузијазам, среќа, доверба и креативност. Портокалова допринесува за уживањето и ја зголемува волјата за живот. Исто така делува на емотивната стимулација и поврзаноста со партнерот.

Жолтата боја го дава чувството за влијание и ред. Се поврзува со иксреноста, трпението, прифаќањето на реалноста и довербата.

Жолтата внесува хармонија во вашиот дом и добро е ѕидовите во дневнта соба да ја имаат оваа боја. Кафената боја ја симболизира рамнотежата во просторијата и кон луѓето. Се употребува како боја која симболизира моќ и се смета за водечка кога станува збор за среќата.

Доколку не сакате да експериментирате со бои и преферирате едноставност белата боја е стандардна.Означува задоволство, хигиена и вистина. Просторот исфарбан во бела боја оддава чистина и духовност. Се смета дека белата просторија е добра за развој и зајакнување на креативносота, па затоа се препорачува за детските соби.

Сивата боја означува поврзаност и комбинирање. Делува инспиративно на патувањата и ја зајакнува способноста за да им помагаме на другите.Еден ѕид е идеална површина.

За крај ќе ги спомнеме златната и сребрената боја.Ретко кој ги бои ѕидовите вака, но тие се предуслов за изобилие и добрина. Според правилата  на Фенг Шуи, златната и сребрена треба да се користат во централниот дел на вашиот дом или во целата куќа, но доколку не се вклопуваат во вашиот стил, тогаш барем потрудете се да ги имате во некои ситни детали.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени