ВЕГЕТАРИЈАНСКА САРМА
Потребно е: 1 главица кисела зелка, 1 кг свеж сејтан или тофу, 2 чаши житарки (ориз или јачмен), половина чаша неварено просо, 2 моркови, магдонос, 1 помал целер, 2 главици кромид, 2-3 чешниња лук, 4 лажици брашно, 2-3 лажици соја-сос, 2 лажици обично или интегрално брашно, сол, црвен пипер, масло.
Парчињата сејтан, кои сме ги маринирале преку ноќта во соја сос, се валкаат во брашно и кратко се пропржуваат. Исечкајте ги на ситни коцки или сомелете ги. Додадете го ситно изренданиот зеленчук кој кратко сме го пропржиле со кромидот и 4 лажици брашно. Сето тоа добро измешајте го. Наполнете ги листовите зелка, кои претходно сте ги измиле во ладна вода и сте им ја извадиле дебелата средина. На 2-3 лажици масло загрејте го црвениот пипер. Тргнете од оган и додајте го на сармите, па полијте со вода која ќе ги покрие. Варете околу 50 минути се додека зелката не се свари. На крајот изматете го брашното со вода, по потреба додадете уште малку соја-сос и сипете го во садот со сарми, па протресете за рамномерно да се распореди.
фото- Buoni Ssimo