Причина за смртта на пејачот Влатко Илиевски е коктел наркотици, пишува во извештајот на судска медицина, а објавува порталот Досие.мк. Според извештајот во крвта и организмот на Влатко биле пронајдени јаки опојни дроги, од кои најсилна кокаин и алкохол.
Резултатите од обдукцијата биле испратени до обвинителство кое треба да постапува по овој случај. Обвинителството треба да каже како понатаму ќе се одвива истрагата со оглед на тоа што и во неговиот автомобил биле пронајдени траги од наркотици, пишува понатаму Досие.мк.
Пејачот почина во својот автомобил ноќта на 6 овој месец на 33 годишна возраст.