Пејачката Елена Јовческа ја омажија пред време: Тоа не е моја свадба туку на брат ми
Фолк пејачката Елена Јовческа со една фотографија предизвика лавина коментари на Инстаграм. Фотографијата од свадба ги натера нејзините следбеници да помислат дека таа се омажила. Но, таа ги демантира тврдењата и им порачува честитките да ги зачуваат за нејзината свадба кога вистински ќе се случи.
-Вистина бев дотерана како за на свадба, но не на моја туку се женеше брат ми. Од студиото на Алек Палада ме направија толку гламурозна, што сум презадоволна. За моја свадба е сеуште рано. Треба прво да го најдам вистинскиот па потоа да размислувам з венчален фустан и за веселба. Сега пеев на свадбата на брат ми, но и за мојата сигурно ќе запеам, па и засвирам, вели Елена.