Алкалната храна за подобро здравје и за младешка енергија
Нашето тело е алкално, ама внесувањето на одредени продукти го закиселува.
Со алкална исхрана навистина ќе го подобрите здравјето, ќе ви се врати енергијата а можете да спречите уринарни инфекции, настанување на камења во бубрезите, да го намалите ризикот од канцер…
Во алкални продукти (треба да сочинуваат 75 отсто од исхраната) спаѓаат: цвекло, кромид, лук, ѓумбир, брокули, компир, пиперки, печурки, карфиол, домати, блитва, карфиол, келераба, модар патлиџан, грашок, црн пипер, кељ, коријандер, моркови, целер, репка, артичока, зелка, рен, грашок, спанаќ, зелена салата, грав, ротквици, краставици, тиква, авокадо, лимон, семки од тиква, мак, костени, бадеми, масло од авокадо, ленено масло, кососово масло, маслиново масло, сусам, семки од ким, босилок, јачмен, соино брашно, соино млеко, морска сол, цимет, зелен чај, јаболков оцет…
Во продолжение го имате списокот на најалкални продукти.
* ХЕЉДА: одлична замена за пченица и нејзините производи. Содржи рутин што дава енергија, одлична е во третман и превентива на кардиоваскуларни болести, и добра е за оние кај кои лесно се создаваат модринки.
* БЛИТВА, ЗЕЛКА И КИСЕЛА ЗЕЛКА: имаат антивирусно, антибактериско и антиканцерогено дејство. Многу од нас ја фрлаат водата во која се вареле поради многу непријатниот мирис, но подобро е да ја искористите за сос или уште подобро, да ја испиете, бидејќи е богата со хранливи состојки.
– ДИЊА: одличен извор на витамин А, односно бета-каротен, Б1, Б5, Б6, Ц и Е, калиум, растителни влакна, фолна киселина. Ја разредува крвта, што го намалува ризикот од срцев и мозочен удар и ја враќа енергијата.
– ЛЕНЕНО СЕМЕ: превенција за појава рак на града, матка и простата. Богатството на есенцијални масни киселини и тоа омега 3, го прави идеално за детоксикација. Исто така се користи и против запек, го намалува холестеролот и го регулира шеќерот во крвта.
– МАСЛИНОВО МАСЛО: едно од топ-алкалните продукти. Богато со мононезаситени киселини, содржи антиоксидант витамин Е, кој не само што го намалува ризикот од оштетување и воспалении на клетките, туку помага и кај валунзите во менопаузата. Полифенолите од маслиновото масло имаат противвоспалително дејство и ги ублажуваат симптомите на астма, остеоартритис и ревматодоиден артритис.
Коментарите се затворени