Неверојатна ноќ, многу адерналин, емоции на тони, меѓу нас кажано – кој со чашка, кој со лексилиум, ете така го поминавме синоќешното Евровизиско гласање.
Тамара го „покоси“ жирито, дојдовме до врвот а потоа со гласовите од публикта се пласиравме во првата десетка. Знаат и врапчињата, во крајната пресметка на Евровизија има многу непознати равенки, многу често победува „конфекција“ ама ете, Северна Македонија им го помати умот, а светот го слушна моќниот вокал на Тамара!
Во крајната сметка на Израелскиот спектакл, на музичкиот евровизиски трон на 64. издание на „Евровизија 2019“ со 492 поени се пласира Холандија- 25.годишниот Данкан кој претходно беше фаворит по евровизиските кладилници, Италија во чекор ја следи со 455 гласа а на третата позиција е Русија, која доби 369 поени… На последното место се смести Англија – со освоените 16 поени.
И, од сите тие 26 песни, Тамара со „Proud“ на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски, Дарко Димитров, Коста Петров, Сања Поповска, придружена од пратечките Антонија Гиговска, Александра Јанева, Васил Гарванлиев, облечена во магичен фустан од Ношпал, се пласира на 8. место со 295 поени. Неверојатен, историски успех за Македонија, го скршивме 7. годишното проклетство на евровизиската апстиненција: леле, леле, што направивте!
Невиден спектал во Тел Авив се случи на Евросонг -200 милиони луѓе го проследија шаренилото од жанрови, се појавија Готје и геј иконата Мадона, победи различноста а ние не можеме да се собереме од гордост.
Од времето на победата на Кометал во 2002 година, немаше поголема еуфорија во земјата, буквално се испостивме. Браво Тамара не потсети на радост. Беше величенствена на сцената и да не беше толку „хај“ и Мадона ќе пуштеше некоја емоција…
А сега малку статистика. Можеби ќе беше поедноставно да се напише кој не гласаше за нас, бидејќи земјите можеа да се набројат на прсти, но сепак, еве како гласаше Евровизиското стручното жири: 12-ки добивме од- Австрија, Англија, Србија, Швајцарија, Молдова и Албанија.
Понатаму, Португалија ни даде 5, Азербејџан 8, Малта 3, Сан Марино 1, Холандија 3, Црна Гора 7, Полска 8, Норвешка 10, Италија 10, Унгарија 10, Ирска 5, Ерменија 10, Романија 7, Австралија 7, Русија 4, Германија 7, Хрватска 10, Исланд 8, Грција 1, Латвија 8, Чешка 7, Данска 10, Франција 7, Финска 7 и Словенија 7 поени.
Од публика ни стасаа 58 гласови и крајниот резултат е : 8-то место.
Браво Тамара, браво за целиот тим, за МТВ, бевте на висина на задача, се видовме на врвот!
И уште нешто- „Proud“ ќе ни стане химна, бидејќи се неа се пишува новата музичка историја. Одиме понатаму.
Вања Тодоровска, Фото-Screenshot, ФБ
Коментарите се затворени