Запечено цвекло
Потребно е: 400 г цвекло, 200 г моркови, црвен пипер, маслиново масло, ким, кари, рукола и вода.
Излупете го цвеклото и исечкајте го на големи коцки, а истото тоа направете го и со морковите. Потоа измешајте со малку маслиново масло, додадете мелен ким, малку кари и црвен пипер. Ставете малку вода (само да го покрие дното на садот за печење) и печете поклопено во рерна околу половина час. Потоа тргнете го капакот, па печете уште 15 минути.
Сервирајте со рукола, запечен бадем и наросете со урда.
Коментарите се затворени