Колач со јаболки
Потребно е: 1 кг јаболка, половина коцка путер, 4 јајца, 8 лажици брашно, 8 лажици шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 прашок за печиво, 1 кесичка шлаг.
Излупете ги јаболките и исечете ги на дебели резанки, па наредете во тепсија, во која претходно сте растопиле половина коцка путер. Јаболките потоа ставете ги во рерна на 200 степени околу 10 минути, за да омекнат. Во меѓувреме – од јајцата, брашното, маслото, шеќерот, млекото и прашокот за печиво изматете смеса за тесто. Кога јаболката ќе омекнат, смесата прелијте ја преку нив и се` заедно печете на 200 степени.
Печениот колач превртете го на тацна и кога ќе се излади посипете со шеќер во прав.
Коментарите се затворени