Вечерва, (22 јануари), во 20 часот во Македонска Опера и Балет, ќе се одржи свечена промоција на играно-документарниот филм „ТИ СИ АЛЕФ“, чиј автор, сценарист, режисер и продуцент е проф. д-р Соња Ризоска Јовановска.
ТИ СИ АЛЕФ е играно – документарен филм за неуморниот патник кој тргнал по патот на вистината, правдата, светлината и љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, за сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму…
Улогата на Алеф ја толкува Игор Џамбазов.
Посебен белег на вечерта се настани кои го отсликуваат патот до Алеф: концерт на доц. д-р Абаз Јахја (изведба на бендир неј) и Ајдин Јахја (изведба на неј), ликовна изложба под мото „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“ на проф. д-р Живко Поповски – Цветин (сликар, хуманист), изложба на фотографии на тема : „Од пепелта до вистината со Алеф”.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени