Српскиот канал на МТВ, или:„Редакција српског језика“ снимаше новогодишна емисија. Што поради долгата апстиненција на оваа тема или поради енергијата на гостинките и ненадминливиот бенд „Молика“ и Анета, во студиото владееше вистинска празнична атмосфера.
„Ја сакате ли најдолгата ноќ, се љубите ли кога сказалките ќе се спојат, кој колку е навлечен на празнување..“, секоја од гостинките си ги кажуваше своите искуства и имаше по една музичка желба, иако во студиото сите ги изненади Дедо Мраз, задолжен за убавите вести и новогодишната здравица.
Новогодишната емисија се вика „Имам једну жељу“, автор и водител е Биљана Тодоровиќ- Георгиевска, режисер е Томислав Алексов а гостинките беа жени со српско потекло, сите успешни во својата професија – Бранка Костиќ, Миланка Рашиќ, Валентина Вања Тодоровска, Нина Деан, Вера Мештеровиќ и Викторија Јаначковиќ.
„Имам једну жељу“ ќе биде емитувана на 29 декември (14.30ч) на вториот канал на МТВ, а ќе се репризира за време на новогодишните празници.
Коментарите се затворени