Тајните на убавите жени: Пепита Танеска
Пепита Танеска има 50 години и- да, никогаш не ги криела. А зошто и би? Изгледа фантастично, со константна тежина на која можат да и позавидат и многу помлади жени.
Зрачи со позитива па и покрај константата дека убавината е во окото на набљудувачот, ќе се согласите дека нејзината убавина и негуваност го зборуваат универзалниот јазик.
– Да, внимавам на себе си и на исхраната, вели Пепита. – Денот го започнувам со млака вода и лимон, омега 3 и некоја од зелените алги- спирулина или клорела и максимално ги одбегнувам јагленохидратите. Веќе долго време не консумирам рафинирани шеќери, туку само природни засладувачи. Во мојата исхрана има многу зеленчук, јаткасти плодови кои се богати со здрави масти а умерено консумирам овошје. Преферирам вегетеријанска исхрана, ретко консумирам месо, и тоа само пилешко и телешко, во мали количини. Имам среќа што живеам во Љубљана, Словенија, каде има голем избор на храна од органско потекло, која е многу достапна и со висок квалитет… Мојот конфекциски број до бременоста беше 38, а потоа ослабнав 12 килограми и веќе 12 години сум број 40, па сега само ја одржувам тежината.
Вториот дел на приказната е она што го сакам, што ме прави онаква каква што сум – ја обожавам природата, многу пешачам, сакам убава книга, редовно медитирам, користам техники на правилно дишење… Во последно време практикувам и јога на лице.
Кога сето тоа ќе направи целина, логичен заклучок е дека жената е убава само кога е постигнат балансот помеѓу надворешната и внатрешната убавина.“
Коментарите се затворени