Browsing Category
Белешки
Репортажа. Фестивал на биодиверзитетот, пред и по дождот
Поради Фестивалот на биодиверзитетот, паркот на Франкофонијата беше мојата дестинација во саботата, на 2 јули. Биодиверзитетот, велеше првиот човек на Слоу Фуд, Карло Петрини не е историски експонат, иако така некако звучи. Биодиверзитетот е тајна на животот, база на нашето постоење, убавина каде и да ти заталка погледот. И таа биолошката разновидност, по втор пат е центар на спојување, подлабока опсервација на Слоу Фуд Водно и Слоу фуд Македонија, кои со поддршката од Министерството за земјоделство, шумарство и…
Фестивал на биодиверзитетот, сабота (2 јули): Презентации на храна, вински дегустации и убава дружба во паркот на Франкофонијата
Резервирајте ја оваа сабота (2 јули) за себе и за луѓето што ви се драги: за да си ги освежите сеќавањата поврзани со локалната храна, за да ја наполните душата преку средби со македонските производители на храна и вино, интересни дегустации, презентации, зеленило... Настанот се вика „Фестивал на биодиверзитетот“ а ќе се случува во паркот на Франкофонија, во периодот од 10:00 до 18:00 часот. Настанот е замислен како неформално дружење, можност цел ден да сте на отворено, во парк, а притоа да дознаете многу работи за нашите…
Домашна, највкусна храна и волшебен поглед од Тераса Утарна
Кога се „искачив“ до Тераса Утарна, гостилница која се наоѓа во охридското село Горно Коњско, за чија надморска височина „гугл“ забележува 1.100 метри, си реков: ајде, нека застане времето. Таа широчина, каде и да заталка погледот, длабоко нежно синило, и горе и долу, ми направија волшепство. Да почувствуваам дека се е ништо а ништо- се. Личотија. Погледот од тераса, ретро балконот од дрво, најблиску до птиците, го сокрив некаде во потсвеста, оти ова тука: езерото, небото, спокојот, ме восхитија како да сум на чекор до…
Јорде Јованов: Нашиот В’К ги ослободува инстиктите
Ракија или „огнена вода“ е збор со евергрин значење: поврзува и во среќа и во тага, таа е ритуал со кој наздравуваме гледајќи се в очи, зависна е од мезе, од лезетско трошење на денот и ноќта, па е незаменлива за „психичко и физичко паркирање“... Приказната за Јорде Јованов и ракијата е како да ја применил девизата на животните тренери: следи ја својата страст. Станува збор за човек кој цел живот се занимавал и работел со финансии но, кога му се преполнија сите ментални фајлови решил да го прави она што најмногу го сака- да…
Гуна Маркова: Сеуште со моето слатко од смокви велам, добредојде
Кога некој за добредојде ќе принесе домашно слатко и ладна вода, тоа е како ширум да ги отворил портите на своето срце. Слаткото, иако ми се се поретки среќавањата со овој ритуал, ја има таа посебна моќ, молчешкум да поврзува, разнежува, а кога е од смокви, е тогаш потпишувам потполна капитулација. Зборот ми беше, овој „царски десерт“ е адут за добри и лоши денови, скратен пат до дома што сегашноста ја заведува со минатото. Гуна Маркова од Валандово слаткото од смокви го прави со години и, толку му ги знае тајните,…
Бадникова вечера на Chef Бобан Симоновски: Посна трпеза, убави муабети и семејството на прво место
- Ова празнично утро ги испративме коледарчињата, предвесници на Христовото раѓање со понекое јаболче, паричка, костенчиња и желби за среќа, здравје и благосостојба во домот - ја започна својата приказна Chef Бобан Симоновски, кој ни откри дека и покрај обврските на работа, има удел во подготовката за вечерашната посна Баникова вечера. „Каде и да си, за Бадник дома да си“, велат старите а оваа поговорка ја почитувам откако знам за себе. Бадник е празник кога семејството седнува на заедничка посна и богата трпеза и кога…
Мојата новогодишна софра. Chef Маре Јаневска: Кога ми помагаат малите рачиња, празничното мени е уште помагично
За Chef Маре Јаневска и нејзините деликатеси се знае во континуитет- готвењето го има во малото прсте, но креативноста, она нешто што ја опишува нејзината посебност, го толкувам како женска, емотивна енергија. Ете, во тоа е тајната на оваа шармантна готвачка. Бидејќи го слави животот секојдневно и овие празници поминуваат со нејзиниот белег- задолжително домашно лепче, по желба на домашните: класика со кифлички, сарми и руска салата а за нејзината душа- лосос мариниран со цвекло, џин и свеж копар. - Навистина не сум голем…
Мојата новогодишна софра. Слатката сказна на Сузана Милиќ, празничната магија за Дедо Мраз и семејството
Сузана Милиќ, естетиката што ја носи во себе, ја пренесува на се што значи љубов, особено на софрата: со концепт, доминација на омилената боја и драгите рецепти што ги преточува во инспиративна глетка. Тоа го бележат нејзините постови со храна, а сега за време на празниците нејзината маса е магија што навистина предизвикува воздишки. - Празничниот дух го чувствувам секој декември и трае се до средината на јануари, вели Сузе. „Магијата е посилна кога ја споделуваме, затоа овој дел од годината носи многу љубов, мечти за…
Мојата новогодишна софра. Празничната магија на Димитар Апостолов, страствен хедонист и супериорен естета помеѓу гурманите
Димитар Апостолов, односно неговите постови со храна се апсолутно најомилени на социјалните мрежи, бидејќи го зборуваат јазикот на љубовта, предаденоста, естетиката, еден богат внатрешен свет престорен во гурманските предизвици: торти, колачи, лепчиња, кифличиња... Вистинска магија што, еве, предизвикува, можеби и ветува дека светот, кога ќе го дадеме најдоброто од себе, кога ќе го извлечеме нектарот, навистина е убаво место за живеење... Го контактирав Димитар деновиве, бев љубопитна каква е неговата празнична трпеза и…
„Моја фарма“ на Никола Богдановски: Раце полни работа, срце полно љубов
Никола Богдановски, и покрај тоа што има 22 години со сериозноста со која им пристапува на обврските, делува многу повозрасно. Имено, тој во скопското село Кадино има, односно е сопственик на „Моја Фарма“. Рај за животни, ама и за него, бидејќи сите жители на оваа фарма, чустувајќи ја љубовта, му возвраќаат на својот газда, на свој начин. А на фармата има скоро се - свињи, кози, гуски, шатки, кокошки, зајчиња.., а Никола вели, не знае ниту самиот колку се на број... Си има тука ред и хиерархија: млекото од кози се користи за…