Browsing Category

Интервјуа

Анкета: „Охрид фест“ беше и остана промотер на квалитетот, добри песни и млади надежи

Во пресрет на 28-мото издание на „Охрид фест“, учесниците на Фолк вечерта споделуваат свои емоции, сеќавања и очекувања поврзани со новото музичко празнување, што не очекува на 10 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид. Перо Христов Фестивалот „Охрид фест“ или поранешен „Охридски трубадури“ го следам отпочеток, дури бев учесник и на првото издание. Јас како пејач на народната и на забавната музика, во мојата 50. годишна музичка кариера секогаш на овој фестивал сум му давал приоритет, и имам добиено неколку награди кои…

„Охрид фест“. Мирослав Рус, добитник на наградата за промоција на музика на Балканот: Македонија во срцето

Мирослав Рус, за многумина „човек музика“, уметник во вистинската смисла на зборот е добитник на наградата за промоција на музиката на Балканот, што „Охрид фест“ традиционално ја доделува секоја година. Еден од најплодните автори од Хрватска чии што песни одамна ги поминале границите на неговата земја и како да не постои пејач со кого овој музичар не соработувал- Здравко Чолиќ, Жељко Бебек, Мишо Ковач, Нина Бадриќ, Црвена јабука,Калиопи, Масимо, Тони Цетински, Нови Фосили.., и секако Тоше Проески. Албумот „Игри без граници“…

Ај фил фуд. Кога ќе помислам на гастрономската алхемија, помислувам на Пеце Клечкароски

Комплиментот, за да тежи, треба да се освои и искачи, инаку е изветвена фраза што исчезнува во баналност. Жаргонски кажано - не држи вода! Почитувајќи го сето тоа, стартувам со класификацијата: гастро-волшебникот или уште поарно - гастрономски алхемичар, а ги упатувам на херојот на овој текст, Пеце Клечкароски. Ова момче е член е на Алијансата на готвачите на Слоу фуд, прави јадења кои будат чувства и сеќавања и така „соло“, создава чоколадо и уште цел куп слатки чудесии. Авторскиот концепт на Пеце е футуристички и…

Празник за очи. Владо Калембер на Интернационалната вечер на „Охрид фест“

Кога ќе се спомне Владо Калембер, и покрај неговата константна медиумска присутност, мојата прва асоцијација останата од „добро старо време“ е дека светот, со присуството на „Сребрени крила“ е безгрижно место за живеење. И денес, иако воздржан, Владо остава впечаток на голем професионалец и добар човек. Веројатно затоа убаво старее, а годините му се совпаѓаат со онаа изјава за виното... Во ова интервју тој зборува за животот, бендот како база. Се сеќавате, „Сребрени крила“ се создадени 1978 и беа мега популарни на просторот…

„Легенде“ на „Охрид фест“: Се радуваме на средбата со македонската публика

Зоран Дашиќ- Даша, првиот човек на групата „Легенде“ во ова мини интервју открива во што е тајната на 30-годишно постоење на групата и на над 1.400 концерти забележани во нивната бографија. „Кога не бркаш хитови, туку оставаш емоциите да ја напишат песната, навистина се создаваат евергрини- вели овој голем уметник и уште поголем професионалец. Во Охрид никогаш не биле, и со задоволство ќе настапат пред нашата публика на 10 септември, во ревијалниот дел на Фолк вечерта на „Охрид фест“. Сите што ја сакаат групата „Легенде“ ќе…

„Пирустија“, домаќинска куќа на Неданоски: Сонце, вода и земја раѓаат највкусни комати, питулици и пресници

Доколку имате хроничен недостаток од природа, зеленило, опојните миризби, душата ви копнее по слобода, ама и по добра, најдобра домашна храна, по кротка искрена љубезност, едноставно: ако ви треба доказ дека сте живи, време ви е да го посетите селото Рамне. А таму, од најубавиот, панорамски поглед на Охрид, откако ќе си направите неколку селфиња, ќе приметите нешто „чудно“ во вашиот лик: насмевката ви станува заразна, а очите ви светкаат како ѕвезди во топлите летни ноќи. Ах што прави природата! И, тоа е само почеток- вашата…

Елеонора Дуљанова, уметница: Не размислувам комерцијално, секое мое дело е уникат

Благодарение на социјалните мрежи се запознавме со рачните изработки на Елеонора Дуљанова, накусо- Ели, како што ја викаат пријателите. Марами во колоритна магија, керамика со уникатни форми, прекрасни футроли за очила, венчиња..., се што изнудува радост, насмевка и ја потврдува тезата дека среќата е секаде околу нас. Оваа уметница и по толку години работа сеуште се фасцинира од бои и форми, што не и дозволуваат да размислува комерцијално, и што даваат карактер на нејзините изработки. Како се роди Small piece of joy, што…

Давид Неделковски. „Кози Млеко Планина“, работа со боси нозе и под сливовите сенки

Давид Неделковски е вистинскиот доказ за точноста на поговорката, дека добриот глас надалеку се слуша. Навистина! Кој не го знае фраерот од социјалните мрежи, ама и од настанте на Слоу фуд: нурнат во бујни зелени крошни, со боси нозе, окружен со кози и кучиња, како кадар од некој робинзонски документарец. Немирните кадрици му паѓаат врз очи, кои се напојуваат од убавините на селото Раштак, на 680 метри надморска височина, каде веќе 10 годии го живее- новиот живот. Концептот- таванот да му е отворено небо, кротење на…

Кога Марио готви, на Џејми Оливер му паѓа престилката

Нема ништо поживотно од Марио во кујна, сеедно дали трепка и го фали своето јадење што е „за прсте полизат“, или брчка по теглички со мирудии, мерејќи и премерувајќи занесен од боите и миризбите. Готвењето, знае овој популарен лик од „Преспав“, е вистински тренд, па тој „логично“ од метро се префрли на теренот на гастро- сексуалци и со целиот свој капацитет, еве стана бренд. Васил Зафирчев со ликот на Марио повторно ја екипира огромната публика што ги следи неговите готвачки победи на официјалните канали на „Преспав“ и…

Елена Џајкоска: „Гранче“ е љубов каде вирее традицијата наросена со твист

Доколку за и со готвењето се поврзат емоциите, особено- среќата преселена во чинии, таа девиза доживува триумф во животот на мојата соговорничка. Елена Џајкоска е дел од приказната на срцето, па вели: „Работите се случуваат кога ќе им дојде време, кога ќе созреат, кога ќе бидеме спремни за нив“. И точно така се роди гостилницата „Гранче“, објект во кој ќе се вљубите на прв поглед и на прво залче, каде таа ја вградува својата љубов, талентот и посветеноста... Елена, ти си херој на новата нормалност: минатата година, во екот…
error: Content is protected !!