Browsing Category
Настани
Тоше, повеќе од животот
По толку сеќавања, текстови за него, по толку неодговорени прашања, по толку време.., кога тагата се претвара во невидлива но длабока лузна знам дека Тоше има само дата на раѓање: живее во нас преку романтично љубовни песни, искреноста, добрина достојна за големите луѓе. Ние што имавме среќа да контактираме со него, и професионално и приватно, да го следиме на концери, да сведочиме на неговото растење и како музичар и како човек, среќни сме поради оваа привилегија. Да се пишува за Тоше - е најубавата работа на светот.…
Јелена Розга: Музиката ми ги креира патеките по кои се движам
Концерот што многумина го очекуваат со нетрпение е настапот на Јелена Розга во Скопје, закажан на 10 февруари во арената „Борис Трајковски“. Инаку, концертната дружба со македонската публика е во склоп на турнејата „Минут срца мог“, во чии рамки Розга веќе одржа низа спектакуларни концерти во регионот. - Музиката ми ги креираше патеките по кои се движев, зашто музиката е императив, почеток и смислата во животот. Како и секогаш, поведена од сопствената интуиција, ги пронаоѓав луѓето и вистинското време, кога одредени…
Масовна прослава и Богојавленска софра на Водици во Крива Паланка
Во чест на еден од најголемите христијански празници, Водици, кога се осветуваат сите води, Општина Крива Паланка организира масовен настан „Водици, Богојавление 2024“, можност на најубав начин, сите заедно да го одбележат и прослават овој голем ден. Церемонијата започнува со свечена Богојавленска литургија: верниците од 8.00 часот наутро ќе го посетат Соборниот храм Св. Великомаченик Димитриј, по што ќе се упатат кон Мостот и кејот на Крива река, каде се осветуваат водите: на овој ден водата е благословена, носи…
Природен детокс на организмот
Во овој период одбегнувајте комбинации на јаглехидрати и протеини, пијте повеќе вода и правете салати од зеленчуци што моментално ги има на пазарите - дајкон, репка, цвекло. Особено благотворно за организмот е пиење на расол, ѓумбирова вода и секако многу течности. Кисела зелка Киселата зелка и расолницата се вистински зимски гурмански деликатеси. Зелката во оваа ферментирана состојба делува како детокс, нема мрснотии, а во 100 грама има само 18 калории. Главната состојка е витаминот Ц, ама и многу витамин К, Б6,…
„Фрида“, распеаните жени со големи срца
Пред некој ден, распеаното женско друштво, хорот- Фрида, имаше прво јавно претставување од затворен тип: беше тоа топла емотивна вечер преполна со магична женска енергија. И зад и во сета таа музичка и емотивна сказна која ќе трае, раскажува Сузана Турунџиева. - На овој наш настап гостинката ни беше Дени Жерновска, мојата Фрида- која непрестано ме потсетува на најважните животни вредности, а на клавир не придружуваше маестро Огнен Стаматоски... Патем, Фрида е моја дамнешна желба, потајно од секогаш многу сакав да имам…
Добредојде Нова
Драги и почитувани мои, Завршува 2023, беше интересна година, да се простиме со љубов. Не вртете се по неа, напротив, шепнете и во доверба: патувај среќо, а со тебе сите крадци на спокојни мисли, манипулатори и гњаватори: бај бај. Отворете ги рацете силно да ја прегрнеме Новата. И пред да Ви посакам да се читаме уште многу, сакам да ви порачам нешто од срце. Драги мои, на ова патување наречено животот, каде сме воз а не железничка станица - што би рекол некој добар ум, Ви посакувам и да простувате. Тоа го можат…
Спектакуларна изведба на „Петар Пан и Дедо Мраз“ за крајот на годината
Крајот на годината, поточно, минатиот викенд беше спектакуларен и во многуте сегменти ги смени критериумите на постоечката музичко- балетска сцена. Имено, на најголемата затворена сцена, во нашата Арена „Борис Трајковски“ се оддржа детскиот музички спектакл, „Петар Пан и Дедо Мраз“, настан кој слободно може да се нарече- светски, каде што триумфираа идејата и реализацијата. За првпат на овој простор се случи детска претстава каде главните јунаци полетуваат, се игра и се пее и за која воодушевувањето и коментарите, и…
Барбара со нова песна: „Не сум грешница“, химна за сите нежни жени
Новата песна на харизматичната Барбара носи наслов „Не сум грешница“, што ја напиша Тони Апостоловиќ, алијас Tony Show а е снимена е во студиото на Драган Ристовски, кој е и продуцент на песната. Овој проект е правен со многу љубов, посветеност и во него учествуваше и инструменталистот Рикардо Хуна (кларинет) а пратечките вокали ги испеа Гога Вучиќ. - До соработката со Тони дојде сосема случајно, ми рече дека има песна за мене а кога ја слушнав првата строфа - Дали можам среќна да сум јас, душа боли немам глас, бара…
Дејгиди луди млади години на Ламбе Алабаковски
Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верзија на една од, како што вели, неговите омилени македонски песни „Дејгиди луди млади години“, која веќе е пуштена во етерот. Аранжманот е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски, Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали. Видеото, пак, кое носи една убава и емотивна приказна и е снимено во националниот парк „Галичица“ е со потписот на Зага продукција. „Песната е една од моите омилени и морам…
Со спектакуларна модна ревија ЕЛЕНА ЛУКА го најави новиот продажен салон во Тетово
Неодамна ЕЛЕНА ЛУКА во Тетово приреди вистинска празнична модна магија. Со импозантна модна ревија ја заокружи годината и започна нова модна приказна со отворањето на новиот продажен салон во трговскиот центар Ремол во Тетово, кој ќе понуди ексклузивна модна програма. Раскош и убавина, во своето најсовршено издание, беа прикажани преку еден детално осмислен концепт, сместен во бајковит амбиент. На писта продефилираа над 70 волшебни дизајнерски креации, што воодушевуваа со препознатливиот моден сензибилитет на ЕЛЕНА…