Browsing Category

Промоции

ЈК Травел, новиот стратешки партнер на СОС детско село

„Од секој уплатен аранжман ќе бидат донирани средства во СОС Детско село, за децата кои се згрижени во оваа организација да имаат поквалитетен живот, потенцираа од Агенцијата ЈК Травел кои официјално го потпишаа договорот со СОС Детско село за кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира“ која ќе трае до 22 јуни 2023 година. - Секоја донација за нас е важна и потребна за обезбедување на квалитетна грижа и поддршка за 460 деца кои мометално се со подршка од СОС Детско село. Партнерството и соработката со ЈК Травел е показател за…

Јубилеј на битолската група „Милениум“, со серенада „Ќе те шетам по Широк сокак“

Битолската група „Милениум“ која постои веќе 20 години на сцената во овој регион, направи песна автентична за овој крај, песна на која заедно со целата екипа потрошија многу време и енергија, посветија големо внимание и љубов запишани во песна, па потоа визиуелизирани со видео автентично за стиховите и музиката на оваа нумера. Градската серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“ беше неодамна промовирана и е посветена на нивната Битола. „Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако…

Македонски музички ѕвезди со изведба на Insieme

Голем број на македонски поп и фолк изведувачи се обединија за заеднички да ја препејат песната Insieme („Заедно“), како дел од иницијативата на ЦИВИЛ Медиа за промоција на европските вредности, градењето на општествената кохезија и полноправното членство во Европската Унија. Во аранжман на Владимир Дојчиновски – Дојчин и Давор Јорадновски, македонскиот дел е дело на Борче Нечовски, песната ја изведуваат Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Никола Перевски – Пере, Елена Петреска, Елена Велевска, Зуица Лазова, Анастасија…

„Крајот песна пишува“, новата песна на Александар Ристовски

„Крајот песна пишува“ е вториот сингл на велешанецот Александар Ристовски. Музиката и аранжманот за оваа моќна балада ги направи самиот Ристовски, текстот е дело на Огнен Неделковски, а режисерската палка за видеото на овој проект му припадна на Даниел Јовески. - Ги следам музичките трендови и важно ми е кој тим стои позади еден музички проект. Чест е да се соработува со текстописец како Огнен Неделковски и режисер како Даниел Јовески. Нивната работа ја следам уште од времето кога живеев во Македонија и аматерски се…

Каспер во Лондон го отвори „N1, Coffe&Restaurant“

Игор Атанасов, помеѓу пријателите познат по прекарот Каспер, шеф, кој во својата 20. годишна кариера има работни искуства во Клиниката на Жан Митрев, „Спа“ во Беверли Хилс, ресторан- пицерија „Фуфо“, „Фурна“ и „Далма“ кетеринг), неодамна со Љупчо Велков го отвори ресторанот „N1, Coffe&Restaurant“, ни помалку ни повеќе туку во Лондон. Ова е навистина голем предизвик и уште поголем мотив да успее во Англија. - Имам доволно готвачко искуство да се обидам во Лондон, во меѓувреме станав и судија на „Гастромак“ а оваа година…

„Воли ме ко себе“, српската верзија на „Глупаво е да си сам“, новиот музички бран во регионот

Месец дена по „Охрид фест“, со песната која ги освои сите симпатии и две награди, „Глупаво е да си сам“ на Горан Шарац излезе и српската верзија. Фантастичен двоец- Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ ја снимија „Воли ме ко себе“, текстот повторно го напиша Огнен Неделковски а песната ја доживеа промоцијата на yu tube каналот на Гранд продукција. И за само еден ден, се случија 26 000 прегледи. Браво за тимот што по се изгледа треба да ја продолжи соработката. Песната има огромен потенцијал и исто толкава армија на…

Сале – СРВ: „Македонија“ – вечна

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар песната ја посветил на на неговата и наша, родна "Македонија", како што гласи самиот наслов на неговата нова тема полна со национални чувства и патриотски набој и родољубиви емоции кон единствената татковина, вткаени во…

Елена Реи за престижниот моден магазин Shinsegae

После долгата пауза заради пандемијата, Елена Реи повторно ги освојува светските модни центри. „Во моментов нашиот најуспешен топ модел, велат од агенција Моделс ИН Менаџмент, се наоѓа во Кина,поточно во градот Гуангжоу каде има фотографирање за нова кампања. Но, само пред две недели таа беше во Сеул - Јужна Кореја, каде фотографираше и снимаше за престижниот моден магазин Shinsegae. Токму за овој едиторијал Елена носеше комплетни стајлинзи на Lee Yoonkyung трендовски комбинации на врвните брендови како TOM FORD, MIU MIU…

Прв домашен трибјут бенд кај нас: Вака изгледа и звучи „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“

Откако повеќе не постојат или стануваат се понедостижни да се видат собрани заедно во нивните оригинални постави, стана пракса легендарните светски бендови, но и оние од некогашните ЈУ простори да добиваат свои „реплики“. Или што би рекол некој: „копии верни на оригиналот“. Сите насловени како „Tribute“ (почит) кон: Queen, AC-DC, Led Zeppelin, Pink Floyd, ZZ Top… или некогаш „нашите“: ЕКВ, Азра, Забрањено пушење… И уште дузина други легендарни бендови кои се дел од светската и балканската рок историја. Сеќавањето на нив го…

Сузана Спасовска. Приказна за 35 години музика

За Сузана Спасовска и музиката и зборовите имаат големо значење - се врзува за нив затоа што ја толкуваат и ја раскажуваат интерната лириката и секогаш одново ја создаваат. Сузе е особена по неколку работи: по талентот, оригиналноста, искреноста и по следењето на внатрешениот глас што го вклучува зеленото светло да биде поинаква, ама своја.... Од времето на нејзината мегапопулатност во 90-тите години на минатиот век, помина многу време, потекоа реки од зборови и приказни. Токму тие 35 години присутност на музичката сцена, на…
error: Content is protected !!