Browsing Category
Што за ручек
Недела на италијанската кујна. Равиоли полнети со грав и чадена рикота
Потребно е, за 4 лица: 90 гр вода 150 гр бело брашно 30 гр брашно од ориз 100 гр gr сув шарен грав 1 гранче целер 1 морков 1 кромид 4 листа лорбер 5 зрна див бибер 100 ге чадена рикота 30 гр нане 80 гр листови коприва 1 гранче од дива артичока 12 листа од добричица, за декорација сол масло Постапка Гравот се остава да кисне во вода најмалку 12 часа, потоа водата се исцедува, а гравот се става во лонец со ладна вода и се остава да врие. Откако ќе зоврие, гравот се цеди, а тенџерето повторно се полни со ладна вода во која се…
Недела на италијанската кујна. Леќа во црно вино и селен со супа од печени компири
Состојки: 200 гр леќа 1 шише црвено вино 400 гр компири 90 мл вода со мирис на тартуф 4 гр вербена 30 гр селен 150 гр ѓумбир Постапка Илзупените компири се сечат на резанки и се запечуваат во тава. Штом се готови се ставаат во високо тенџере полно со ладна вода и мраз и се ставаат на оган. Откако ќе зоврие водата, се остава да се вари уште 20/30 минути, а потоа добиената супа се поминува низ цедалка. На супата и се додава вербената и водата од тартуф, се остава да отстои покриено со проѕирна фолија и потоа повторно се…
Бутик за храна „Естел Фуд Гуру“: Бај бај диети
Тие што го познаваат Зоран Мајновски, или попријателски - Мајно, му го знаат табиетот: кога сите ќе се исплашат, тој се осмелува, кога сите ќе запрат, тој тргнува, кога за другите е неизвесно, за него е предизвик... Токму затоа, отварањето на бутикот за храна „Естел Фуд Гуру“, во екот на пандемјата, стереотипно кажано- во време невреме, за херојот на овој текст ама и за многу домаќинства кои престанале да готват - дека тие готват за нив, и тоа- со љубов, е - најдоброто време. Токму затоа ја има подршката од своите колеги,…
Чорба од грав и јачмен
Потребно е: 250 г грав, 100 г јачмен, 1 кромид, 100 г моркови, 100 г целер, маслиново масло, рузмарин, магдонос, сол, црн пипер. Пропржете ги исечканиот кромид, морков и целер, па додадете рузмарин и грав, кој претходно сте го покиснале. Додадете вода и оставете гравот да се свари. Кога ќе биде готов, одвојте мала количина, а остатокот изблендирајте го. Вратете го назад сварениот грав, додадете го варениот јачмен и оставете се` заедно да прокрчка. При послужување, посипете со магдонос и додадете малку маслиново масло. Фото:…
Тестенини со пире од костени
Потребни состојки: 2 лажици путер кромид чаша бело вино сол 200 гр. пире од костен 200 мл. слатка павлака 350 гр. шпагети На загреан путер испржете го ситно исецканиот кромид, налејте бело вино и кратко варете. Додадете го пирето од костен и павлака и оставете да проврие. Помешајте со шпагети, оставете малку да се соединат и потоа уживајте во слаткасто солениот вкус. Можете да додадете пармезан а доколку одите на блага варијанта- ванилин шеќер и цимет. фото-pixabay
Торта од тиква
Потребни состојки: За тесто: 300 гр. наменско брашно 100 гр. путер 2 жолчки малку сол 2 лажици павлака 1/2 прашок за пециво За прелив: 500 гр. исчистена тиква 500 мл. млеко 100 гр. кафеав шеќер 1 ванилин шеќер 1 лажица изрендан корен од џумбир 1 лажица цимет Замесете меко тесто и оставете да стои на ладно место околу 30 минути. Тиквата исецкајте ја на коцкички и сварете ја во млеко. Сварената тиква испасирајте ја и измешајте со миксер, додадете шеќер, јајца , цимет, ѓумбир и путер. Тестото измесете го и ставете го во…
Ај фил фуд. Ах, таа пастрмајлија
За многумина пастрмајлија не е ништо повеќе од овална „пица“ на која се нафрлани парченца исечкано месо. За мене, таа е многу повеќе. Совршен спој на едноставни нешта што во финалето го имаат единствениот вкус. Кога се зборува за пастрмајлија, секогаш постои „ривалствотото“ и сеуште е нерешено која е најдобрата - велешката, штипската, кратовската, неготинската, радовишката... За најомилената јас си ја имам штипската, не затоа што градот под Исарот и официјално го има сертификатот со кој го озакони брендирањето на…
Рецепти. Модар патлиџан на три начина
Модар патлиџан со сирење Потребно е: килограм модар патлиџан, 300гр. сирење, половина килограм домати, 2 чешниња лук, неколку ливчиња мајчина душичка и рузмарин, малку брашно, масло и сол. Модрите патлиџани треба да се измијат, да се исечат на тркалца, да се посолат и да се остават да постојат. Треба да се исцедат од сокот што го пуштаат, да се извалкаат во брашно и да се пржат на врело масло, од двете страни. Во замастениот сад се става излупен и на тркалца исечен домат, се посипува со изрендано сирење, се прекрива со…
Три рецепти. Мусака со пиперки, млада боранија и со блитва
Мусака со млада боранија Потребно е: половина килограм боранија, 250 г мелено месо, 1 главица кромид, 4 чешниња лук, 2 јајца, 200 мл павлака, 100 мл млеко, сол, црн пипер. Пропржете го месото, посолете и посипете со црн пипер. Во друго тавче пропржете ги ситно исечканиот кромид и лук и додадете боранија, што ќе ја динстате се додека не омекне. Во подмачкана тепсија прво сипете половина од смесата со боранија, врз неа ставете го месото, и повторете ја постапката. Изматете ги јајцата, павлаката и млекото и полијте врз…
Највкусни рецепти со тиквички
Супа од тиквички Потребно е: 400 г тиквички, 2 дл млеко, 1 лажица маргарин, 1 лажица меко брашно, 1,5 лажица магдонос, кисела павлака, пакетче препечени лебни коцки, 8 дл вода, 1 лажица вегета. Исчистените и иситнети тиквички ставете ги во сад, прелејте со 7 дл вода и оставете нека се варат околу 10 минути на тивок оган. Додадете го млекото и маргаринот и варете уште 5 мин, тргнете ги од оган и измиксирајте. Измешајте го брашното со малку вода и додадете го на супата, зачинете со вегета и павлака и оставете да се вари уште…