Browsing Category
Што за ручек
Хранлива салата со авокадо
Поребно е: авокадо, домат, неколку маслинки, маслиново масло, китка рукола, 100 грама урда, семки од лен и сончоглед, балсамико и маслиново масло. Авокадото се лупи и сече на покрупни парчиња, исто како доматот. Се додаваат сите набројани продукти, испраната рукола и на крај се става урда, маслинки, маслиново масло, балсамико и семки. Убаво се промешува и -по желба се додава сол. Одлично оди со препечен леб. Оваа салата е многу хранлива и заменува оброк. Доколку сте многу гладни, додадете варено јајце.
Здраво, вкусно, лесно. Рецепти со спанаќ
Пире од спанаќ Потребно е: 1кг спанаќ, 3 компири, слатка павлака, 100 г. тврдо сирење, 1 лук, путер, презла; за сосот: лук, масло, 250 г. кисела павлака, 1 лажица мирудии, сол, црн пипер Излупете го и исецкајте го компирот и сварете го во солена вода. Посебо, во солена вода потопете го спананаќот, па измешајте и испасирајте го со компирот, павлаката, половина од сирењето- ситно изрендано, јајцата и лукот. Зачинете со сол и црн пипер. Сето тоа ставете го во огноотпорен сад, посипан со презла и израмнете ја смесата. Одозгора…
Супи и чорби, за да ги смирите цревата ама и мислите
Кнедли за супа Потребно е: 60 г гриз, 2 јајца, 1 лажица масло и малку сол. Во чинија измешајте 2 жолчки, гриз, малку сол и цврст снег од белки и добро измешајте. Со мало лажиче вадете кнедли и спуштајте ги во супа која врие се` додека не станат меки. Рибја чорба Потребно е: 1 кг разни видови риба, 1 лажица масло,1 лажица брашно, зелен за супа, кромид, јајце, лимон, лавров лист, кисела павлака, 1 лажиче алева пиперка, магдонос, црн пипер во зрно и сол. Рибата се чисти и се сече на парчиња. Изборот е ваш, па откако ќе…
Пица- мајстор Зоран Јовановски Паламаро: Тесто за пица што ќе ја правите цел живот
Најпознатиот пица- мајстор, Зоран Јовановски Паламаро, оснивач на Pizza Academy и дел од Асоцијацијата Гастромак, за читателите на 7дена.мк го дава оригиналниот рецепт за пица. За да имате совршена пица, тестото што ќе го направите денес, ќе треба да отстои во фрижидер барем 12 часа. Универзално тесто за пица - состојки: 1 кг брашно тип 400 ( може и интегрално) , 600мл вода -собна температура, 25-30 гр сол, 3 грама квасец и 30мл маслиново масло. Подготовка: На пресеаното брашно му додаваме 3 грама квасец , 80% вода и 20 мл…
Chef Весна Тодоровска -Алачковска: Нудли со морски плодови
Потребно е: 150 гр морски плодови, 100 гр нудли, путер, кромид, сол, бибер, домат исечен на коцки. Рецептот е еднставен, брзо се прави а сите што ги сакаат школките, лигњите и другите морски плодови, ќе ужуваат во вкусот. Кромитчето се пропржува на путер, а потоа се додаваат морските плодови и половина од доматот исечкан на коцки. Потоа се додаваат и варените нудли, се меша и за вкусот да остане автентичен, се зачинува на крај. Се сервира топло, со рукола.
Chef Весна Тодоровска- Алачковска: Круна од свинско филе
За круна во свинско филе со Ро-баир сосот ви се потребни следните состојки: 1 парче маринирано свински филе, 1 лажица мед, 1 лажица Дижон сенф со зрна, 2 лажици соја- сос, малку лук, мајчина душичка, сол, бибер. Ова треба да отстои најмалку еден час. Месото се дели напола и се обликува како круна, кратко се запржува на путер од двете страни, на средината се става јаболко и така се пече. Во меѓувреме се прави Ро-баир сосот. На путерот се запржува кромид, се додава белото вино и сенфот, а потоа и сол по вкус. На подлога…
Пилешки џигер во бело вино и сок од портокал
Потребно е: 500 г пилешки џигер, масло, путер, 2 чешниња лук, рендана кора од портокал, сок од портокал, бело вино, ѓумбир, сол и црн пипер. Во поголем сад загрејте ги маслото и путерот, додајте го истолчениот лук и динстувајте на тивок оган. Додајте го исечканиот џигер и динствувајте уште малку. Добро измешајте, додајте го сокот и кората од портокал, виното, црн пипер, сол и ѓумбир. Поклопете и оставете да динстува уште 10 минути. Послужете со паста или со варен ориз.
Шкето со мелено месо
Потребно е: 500 гр мелено месо, шест врзопчиња млад кромид, три врзопчиња магдонос, сол, црвен пипер, лажица брашно. Првин се пропржува месото а потоа се додава сечкан кромид, се спојува и уште малку се пржи. Потоа се додава сечкан магдонос, се додава брашно, црвен пипер, се меша убаво, се посолува и се додава вода. Сега шкетото треба да се искрчка околу еден час на умерен оган. Се сервира со кисело млеко.
Најинтересни рецепти со прокељ: Пробајте чорба и салата, ставете прокељ во бешамел сос или комбинирајте со пилешко
ПРОКЕЉ СО ПАВЛАКА Потребно е: 1 кг прокељ, 50 г путер, 2 чешниња лук, 1 лажичка сол, 1 кромид, малку мелен црн пипер, 1 дл вода, 2 дл минерална вода. Во подлабоко тавче стопете го путерот, додадете го ситно сечканиот кромид и по пет минути додадете го прокељот да се динста. Посолете и сипете црн пипер. Полијте со вода и поклопете да динста 15 мин. Во меѓувреме измешајте ја павлаката со истолчениот лук. Полијте врз прокељот и тргнете го од оган. ЧОРБА Потребно е: 500 г прокељ, еден компир, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1…
Брокула со лук
Потребно е : една поголема брокула, 400 г кромид, 5 чешниња лук, 50 мл масло,1 лажичка ѓумбир во прав, 2 лажици брашно, малку сол, вода и 1 лажица мирудии. Исчистете ја, измијте ја и исечкајте ја брокулата на мали парчиња. Бланширајте ја во солена вода во која сте додале 2 лажици масло, а потоа исцедете ја. Во тава со дебело дно загрејте го преостанатото масло, додајте го кромидот, потоа брокулата, ставете мирудии и кратко пржете. Измешајте ги водата, скробното брашно и ѓумбирот и додајте ги на брокулата. Варете кратко и…