Chef Светлана Цеца Димовска: Ролнички со туна, булгур-салата и пудинг од јаболко
Chef Светлана Цеца Димовска ви дава можност денешното мени да го збогатите со нејзините интересни и вкусни рецепти.
Ролнички со сардина и туна
За овие ролнички ви се потребни 300 грама кори за пита, кои се редат по две, се попрскуваат со маслиново масло и се сечат на 4 дела.
На секој дел се става фил и се виткаат ролнички. Од две кори се добиваат 4 ролнички. Откако ќе ги наполните ролничките, ставете ги да се печат- на 200 степени, се додека не поруменат.
Фил:
200 гр туна
200 гр сардина
2 млади кромидчиња
1 домат (ситно сецкан)
магдонос
сол
бибер, и
1 лажица презла.
Салата со булгур
На почеток, десетина минути се варат 130 гр булгур и 300 мл вода.
Во изладен булгур се додаваат ситно сецкани 1 домат, 1 /2 краставица, млад кромид, 1 китка магдонос, маслиново масло, сол, црн бибер и 1 мала лажичка оцет. Смесата се промешува и веднаш е готова за консумирање.
Пудинг од јаболко
За овој рецепт ви се потребни 500 гр јаболки, излупени и изрендани, кои потоа се пржат во тава со 2 лажици кафеав шеќер. Кога ќе се добие темна боја се додава сок од 20 мл портокал, малку цимет, и сето тоа се пржи додека не згусне.
На крај пудингот се става во калап и се декорира по желба.
7дена.мк
Коментарите се затворени