34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Автомобилот на Мерлин Монро ќе достигне цена од половина милион долари

Црниот  фор од 1956 година, кој беше во сопственост на Мерлин Монро ќе биде понуден на продажба а се очекува да достигне цена од 500.000 долари, објавија организаторите.

Фото: Profimedia

Автомобилот, двосед кабрио, кој беше нејзин речиси до нејзината смрт, до 1962 година прв пат се продава.  Таа е сликана како го вози со сопругот Артур Милер , непосредно по нивното венчавање во 1956 година.

Претседателот на аукциската куќа  рекол дека тој автомобил не е само дел од историјата на автомобилизмот, туку дека во него има гламур, романтика и трагедија на вистинска  холивудската ѕвезда. Монро го подарила автомобилот на синот на професорот по глума Ли Стразберг во 1962 година. Сегашниот сопственик, кој сакал да биде анонимен, му влегов во траг на возилото по регистарските таблички и други документи, кои биле продадени на аукцијата на Стразберг во 2016 година.

Возилото е реновирано, но има задржано многу оригинални делови.

-Откривањето на ова возило после 56 години не е единствен случај. Ниту за ниедно друго возило не е утврдено дека било во сопственост на единствената Мерлин Монро, рекол сопственикот во соопштението.

Возилото ќе биде понудено на аукција во Лос Анџелес на 17 ноември.

Извор: vecernji.hr

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена