Тесто: 2 јајца, чаша јогурт, чаша масло, 2 чаши гриз, две чаши брашно, 2 пецива, ванила, кора од лимон и гриз за препелкање, пред печењето.
Од набројаните состојки се замесува тестото а потоа се обликуваат топчиња.
Се печат на 180 °С околу 30 минути.
За преливот се потребни 4 чаши ладна вода, 500 г шеќер во прав и цеден лимон. Преливот не се вари.
Важно е гриз топчињата да се врели а преливот ладен.