17.4 C
Skopje
сабота, мај 17, 2025
spot_img

Аки Рахимовски и Гуру Харе во заеднички проект: „Мајко“, нова песна за ежење

Сите убави работи се случуваат случајно, па така и оваа – од едно неформално дружење Игор Атансовски- Харе направи дуетска песна со легендарниот рокер Аки од „Парни Ваљак“.
Аки Рахимовски, нашинец кој живее во Загреб, од прва ја бендисал песната на Гуру Харе, и бидејќи целиот проект барал реализација, многу брзо почнало снимањето во студиото „Тавитјан брадрс“.


„Песната настана спонтано, во една дружба, без многу договорање и планирање, и е наблиска до некој македонски блуз. Аки сѐуште го сочувал правилниот и убав македонски јазик и ја испеа песната токму така. Многу пријатно се изненадив а Дики Тавитјан направи одличен аранжман, токму онаков каков што замислував“- вели Гуру Харе, автор на музиката и на текстот на песната а Диран Тавитјан ја продуцираше.
Спотот премиерно ќе се прикаже во емисијата „1 на 1“, на 19 мај, а Харе ќе ја раскаже комплетната приказна за соработката и за дружењето со Аки.
Во видеото се појавуваат тој и Аки во неформална дружба и во работна атмосфера, а приказната ја доловуваат и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров.
Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров а го изработи „Мелен продукција“.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена