34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Албум на Бајса Арифовска и Душко Ѓеоргиевски- „Кон исток“ е уживање во богатата фолклорна ризница

„Кон исток„ е новиот албум на мулти талентираната инструменталистка Бајса Арифовска и пејачот Душко Ѓеоргиевски, кое беше промовирано вчера во Музејот на  македонската борба за државност и самостојност. На ова цеде се сместени  10 песни и ора претежно од источниот крај на Македонија, кои дел  Бајса и Душко, заедно со тимот,  во живо ги отсвиреа на промоцијата.

Албумот е дел  од проектот  „Од  македонското поднебје“, а   во рамките на „Скопско културно лето“ .  Љубителите на традицијата  може да уживаат во богатата фолклорна ризница на  Малешевскиот регион, Овчеполието и Осоговијата.  „Од македонското поднебје“  претставува  избор на фолклорни мотиви, обработени, аранжирани, дел и новосоздадени за оркестар од народни инструменти  во духот на изворната традиција.

Бајса и Дуле добија поддршка и од професорот Драган Даутовски

Дел од тимот, Покрај Душко и Бајса, која свиреше на кавал, гајда, бас, тамбура и тапан,  се и Емил Адамски на кавал и гајда, Даниел Маневски – кавал,  Златко Димитријоски на тамбура, Ратко Даутовски на тапан.  (В.М.)

Фото: В. Тануровски

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена