34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Александар Ангелов, добитник на наградата „7 Септември“: Ја посветувам на татко ми Кирил

Александар Ангелов- Аце, наставник по музичко образование и кларинетист во групата „Дрим-тим“  од Кавадарци,ја доби наградата „7 Септември“. Ова е највисокото општинско признание а Аце е еден од најмладите добитници.

Награда ја доби поради неговите музички успеси, како амбасадор на македонската музика низ светот. Наставник е во ОУ „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци благодарејки на неговото знаење кое го пренесува на младите, негови ученици биле наградувани на домашни и интернационални натпревари.

– Учениците ми се гордост. Сакам да им пренесам знаење, да ги мотивирам да ја разберат музиката. Доказ се многубројните награди на државни и на меѓународни натпревари. Освоивме награди на Меѓународен натпревар во камерна музика, Меѓународен натпревар АРТ – ИН, државни натпревари од акредитирани музички здруженија и многу други, вели Александар.

Општина Кавадарци наградите им ги доделува на физички лица за особени заслуги во општествениот живот.

Тој како член на групата „Дрим тим“ го прошета светот промовирајки ја македонската музика. Затоа, како што вели- успех е да се  добие она што го посакувате а среќа е да го сакате она што го добивате.

-Искрено, посебно грд и срекен сум. Ова е сатисфакција за сите минати и идни непроспиени ноќи , напорно вежбање и труд. Вложување и одрекување.  Наградата за мене е многу значајна и ја посветувам на мојот покоен татко Кирил Ангелов, кој ми ја всади љубовта кон музиката и го трасираше мојот животен пат, вели Ангелов

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена