16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Алфи Олдриџ стана манекен- ништо не е поголемо од остварување на соништата, дури и аутизмот

Алфи Олдриџ (11) е момче со аутизам, кое заради болеста воопшто немал лесно детство. Но, од друга страна пак тој е доволен показател дека ништо не е поголемо од остварување на соништата, дури и аутизмот.

Тој се запишал во редовно училиште но не успева да се вклопи во средината и трпи многу забрани, како на пример да се слика на групната фотографија на одделението, пишува lifestyle. Поради тоа го преместиле во училиште за деца со посебни потреби, каде и покрај сите тешкотии успеал да си го најде својот пат, се запишал во школскиот театар. Но, семеен пријател испратил фотографии од него  во кастинг агенција и наскоро добил позив од агенција која се занимава само со луѓе со попреченост.

Благодарение на  фотографиите тој е многу посамоуверен и го надмина проблемот со комуникацијата со другите и претставува мотив за сите- како треба да се живеат соништата.  Добил и понуда од модниот бренд H&M за нивната нова колекција.  Ангажманите на Алфи доаѓаат еден по друг и тој веќе е сигурен дека ќе се занимава со модата, за инат на сите што му се смееле и не верувале во него, пишува Independent..

Фото и текст: blitz.bg

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена