Германски „Шпигел“ во најновото издание пишува дека американката Кетрин Мајорга, сепак, ќе го тужи Роналдо за бруталното силување во неговиот апартман во Лас Вегас. Името на студентката дури сега е откриено, бидејќи по силувањето наводно вон судски се спогодиле и била присилена да молчи.

Веста дека Роналдо наводно во 2009 година силувал девојка, па и платил 375.000 долари се да се заборави, пред една и пол година подигна голема прашина. Веста ја објави „Шпигел“ во 2017 година врз основа на увидот во документите „Фудбол Лејкс“, платформа која ги разоткрива матните работи во светот на фудбалот.
Силувањето се случило во апартман во еден од хотелите во Лас Вегас, каде Роналдо со браќата и роднините се забавувал. Но, со потпишување на документите таа се сложила да ги повлече сите кривични пријави а морала да ги попише и имињата на сите со кои разговарала за силувањето. Полицијата за ова уште истиот ден била информирана за што постоело и доказ.
Иако ја прифатила понудата и молчела, таа сепак, се предомислила и поднела тужба против фудбалската ѕвезда. Не сакала веќе да молчи, туку сакала да зборува, бидејки имала тешки психички последици поради силувањето, па нејзините адвокати барале да го поништат договорот за молчење. Кетрин ги раскажала сите детали за бруталноста на Роналдо.