14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Америка се простува од легедата- Арета Френклин во позлатен ковчег

Америка се простува со кралицата на соул музиката Арета Френклин. Телото на големата пејачка е ставено во позлатен ковчег и е изложено за последен поздрав во Музејот за афроамериканската историја во Детроит, соопштува “Mирор” а пренесува блиц.бг.  Посмртните останки на легендата ќе останат таму два дена, за да можат нејзините  обожаватели да се простат со неа.

Плејада од ѕвезди ќе пеат на опелото, што ќе биде на 31 август во Детроит. Меѓу изведувачите ќе се Стиви Вондер, Џенифер Хадсон, Фејт Хил, Шака Кан, Јоланда Адамс, Џенифер Холидеј и синот на Френклин – Едвард Френклин.

На церемонијата во која ќе бидат прикажани силните  госпел корени на Френклин, ќе пеат голем број госпел уметници како Марвин Сап, Ванеса Бел Армстронг и Кларк Сестри.

Пејачката почина на 16 август на 76 години во нејзиниот дом во Детроит, опкружена од нејзините роднини. Причината за нејзината смрт е рак на панкреасот.

 

Извор и фото:  blitz.bg

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена