Ансамбл ,,Студио Фолклор” – Скопје, во сабота заминува на 10 дневна турнеја на еден од најпрестижните светски фестивали од натпреварувачки карактер во Дижон, Франција. Фестивалот се вика „ Fetes de la Vigne de Dijon“, ке се одржи од 18 до 28 овој месец, а нашите играорци таму ќе се претстават со богат репертоар од играчкиот дел, како и пејачката група и оркестарот при ансамблот. Фестивалот годинава слави јубилеј, 70 години од постоењето и на него ќе учествуваат повеќе земји од светот. Подготовките траат веќе скоро неколку месеци, напорно се работи на што подобро претставување и на Ансамблот и на државата. Со Ансамблот веќе неколку години раководи маестро Љупчо Маневски, првенец во Ансамблот „Танец“.
Овој проект на Студио Фолклор е поддржан од Министерството за Култура на Македонија. Играорците од првата група на Ансамблот се одлично,подготвени да ја претстават Македонија во најдобро светло и секако да освојат една од главните награди.