„Таа се буди доцна наутро и мора набрзина да се облече за да стигне на работа. Трча низ кујната и во брзањето го истура кафето што се растекува по подот и по нејзиното здолниште. Се враќа назад за да се пресоблече. Тогаш и текнува дека ја сменила чантата и дека и го нема новчаникот. Се враќа и го зема, па повторна трча надвор. Пред влезот од зградата не може да ги најде клучевите од автомобилот. Да се врати ли повторно во станот… “
Сликата на еден ваков почеток на денот за многумина звучи познато. Ако зборовите „во гужва сум“, „доцнам“ и „под страшен стрес сум“ ги изговарате барем еднаш дневно, начинот на дишење нема да ви помогне. Време е за неколку промени …
1. Посветете се на една работа
Работете едно по едно и посветете се на задачата. Задлабочете се во неа, ќе почувствувате како ве напушта потребата да протрчате и да се фрлите на следната задача. Листата на обврски и онака никогаш нема крај. Па, таа следна задача нека дојде подоцна.
2. Ослободете се од идеализирање
Стравот произведува стрес. Стравот од неуспех, стравот дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, стравот дека некој ќе не остави… Коренот на стравовите лежи во идеалот кој самите го креираме, а потоа се плашиме дека нема да го достигнеме…. Помислете, што најлошо може да ви се случи? Соочете се со тоа и, верувајте помалку ќе се плашите.
3. Прифатете ги другите со насмевка
Обично се вознемируваме кога другите не се однесуваат онака како што ние мислиме дека би требало. Наместо на тоа да гледаме вознемирувачки, да се обидеме да ги прифатиме другите. Ако ги прифатиме онакви какви што се, во нив ќе препознаеме дел од себе, несовршени, во потрага по среќа, во борба за среќа, се однесуваат онака како што мислат дека треба, работат најдобро што знаат, се исто како и вие. Затоа прифатете ги од срце.
Фото-Pexels