12.6 C
Skopje
недела, мај 18, 2025
spot_img

Антонија Гиговска и Роберт Билбилов најдобри на втората вечер на „Макфест“

Антонија Гиговска со песната „Никогаш не вели никогаш“ е нај добра на втората полуфинална вечер на фестивалот „Макфест“, која се одржа вчера вечерта во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Заедно со неа се пласираа уште девет пејачи, кои ќе настапат вечерва на фин алето на фестивалот. Второто место му припадна на Роберт Билбилов за песната „Чудни места“, додека третото на Дани Димитровска за „Време“. Во финалето се пласираа и Алексндар Тарабунов, Огнен Здравковски, трио „Џентлмен“, Барбара, Давид Миладинов, Анастасија и Весна Спасова.

Вечерва на финалето најдобрите три песни ќе се бираат од по 10те пејачи- финалисти од првата и втората полуфинална вечер. По завршување на официјалниот дел на фестивалот шоу ќе има Дарио, кој по долги години на „Макфест“ се враќа како гостин.

Финалето вечерва почнува од 20.30 часот а директен пренос ќе врши МТВ. Водител и вечерва е Маријана Станојковска.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена