Холивудската актерка се подготвува за својата четврта свадба, пишува New Idea, повикувајќи се на добро информиран извор. Минатиот викенд таа се свршила со својот мистериозен пријател, кој бил британски милијардер. Намерите на двајцата им се сериозни, но името на новиот маж се чува в длабока тајност. На церемонијата која се одржала во „градина украсена со бели цвеќиња“ присуствувале сите деца на Џоли, кои многу се радувале бидејќи мајка им била повторно среќна.

Изворот на New Idea тврдел дека конечно таа нашла маж , кој ќе им пружи потпора и надеж на неа и на децата. Весникот пишува дека таа се уште не може да го склучи бракот со новиот маж бидејќи се уште не се развела од Бред Пит. Но, и покрај тоа Џоли и нејзиниот мистериозен партнер веќе се подготвувале за свадбата која ќе се одржела во Лондон.
Разводот меѓу Пит и Џоли трае две години, бидејќи се уште не можат да се договорат кој да се грижи за нивните шест деца.