2.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2025
spot_img

Аромотерапија – урамнотежување на умот, духот и телото

Ароматерапијата е древен начин на лекување базиран на употреба на есенцијални и растителни масла, а е дел од фитотерапијата, медицинска дисциплина што за лекување, превенција од болести и зачувување на здравјето користи цели или делови од растенија или екстракти добиени од нив. Како што вели Вероника Чадловска од козметичкото студио „Афродита“ ароматерапијата користи посебни екстракти, наречени есенцијални етерични масла. Тие можат да се применат како мирисни стапчиња, мирисни свеќи, мирисно цвеќе и во комбинација со мирисни ламби. Мирисите што ги користи ароматерапијата имаат позитивно психолошко и емоционално влијание врз смирување и урамнотежување на умот, духот и телото. Кога еднаш ќе биде воспоставена таа рамнотежа и кога емоциите ќе станат избалансирани, автоматски се делува и на квалитетот на мислата и состојбата на духот.

Вероника Чадловска

– Најчестиот облик на ароматерапија е терапијата со допир. Тој метод ги комбинира физичките и емоционалните дејства на масажата со лековитите и психотераписки карактеристики на есенциите на билките. Не само што го намалува стресот и го подобрува расположението, ароматерапијата дури и успешно лекува некои помали пореметувања. Аромотерапија се применува во лекување на ПМС и пореметувања во менопаузата. Исто така, може да ги олесни полесните форми на депресија, несоница, емоционално предизвикани сексуални тегоби, главоболки, болки во мускулите и друго. Се користи и во превентивни цели, за добар изглед и пријатен мирис, за опуштање и пријатна атмосфера, рече Чадловска.
Инаку, во ароматерапијата е многу важен правилниот избор на маслото што најмногу ќе ви одговара и најмногу ќе ви помогне во лекувањето и постигнувањето на психофизичката рамнотежа. Многу важна особина на етеричните масла е и нивното бактерицидно и антивирусно дејство во сузбивањето на инфекциите отпорни на методите на конвенционалната медицина.

-Некои етерични масла го стимулираат обновувањето и растот на здравите клетки, и ја регулираат физичката, емоционалната и психичката рамнотежа на човекот. Поттикнуваат регенерација на комплетен биосистем и го зајакнуваат имунитетот, го освежуваат изморениот организам, ги смируваат надразнетите нерви и го подобруваат расположението. Ниту едно масло не дејствува само на една област, на еден орган или на еден проблем и тип тегоби, туку нивното дејство често е повеќекратно и сестрано. Нема лоши нуспојави, бидејќи маслата ги уништуваат штетните бактерии, но не ги уништуваат ткивата на органите и нервните клетки, заврши Вероника Чадловска.

фото- massageservices.com.sg, pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави