Аспарагус – одличен за намалување на холестеролот
Аспарагусот порано се сметал за деликатес, кој можел да се најде само на трпезите на богатите. Денеска, овој суперпродукт е достапни за сите – може да го купите на зелените пазари и во супермаркетите.
Аспарагусот има богата нутритивна вредност – содржи витамини А, К, Б, Ц и Е, фолна киселина, железо, бакар, влакна, манган, калиум, холин, цинк, магнезиум и селен. Тој е нискокалоричен, во 100 г аспарагус има само 20 калории што го прави идеален прехранбен производ за губење на тежината.
Благодарение на сапонините и флавоноидите, аспарагус има силни антивоспалителни својства, односно корисен ефект врз срцевите болести и крвните садови. За превенција од срцеви заболувања е одговорна и големата количина витамин Б, кои го контролираат нивото на хомоцистеин.
Аспарагус е еден од најбогатите извори на флавоноиди со што се намалува холестеролот и крвниот притисок и се зајакнуваат крвните садови. Едно парче аспарагус содржи дури 114 проценти од препорачаната дневна количина витамин К, кој е од суштинско значење за синтеза на остеокалцин – протеин што ја зајакнува коските.
Како се приготвува аспарагус:
– може да се јаде суров, барен, потпржен или измешан со друг зеленчук, грав, живина или морска храна
– барениот аспарагус се сервира со сок од лимон, растопен путер, пармезан или пекорино кашкавал
– печениот млад кромид и парчињата аспарагус, намачкани со масло од индиски оревчиња е многу вкусно предјадење
– на потпржен аспарагус се додава сусам, лук, ѓумбир или бибер
Коментарите се затворени